На 12 октомври 2022 година, Општина Охрид и Коалиција на младински организации СЕГА официјално го отворија Младинскиот Центар во Охрид, во Касарна Охрид (влез 1, кат 1).
„Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман.“ – изјави Градоначалникот на Општина Охрид, г-дин Кирил Пецаков.
„Денес во Охрид, го отвораме Младинскиот Центар кој што е во согласност со стандардите на европските центри за млади. Центарот ќе овозможи место каде младите квалитетно ќе го искористуваат слободното време, но и ќе ги надоградуваат своите знаења и способности, притоа придонесувајќи кон подобрување на квалитетот на живот на младите во Охрид.“, истакна г-дин Зоран Илиески, Извршен Директор на СЕГА.