Инфо за Млади
43

Оглас за вработување мерчендајзер/ка – Охрид-Струга

Монтенегро ДОО објавува оглас за вработување на:
Мерчендајзер/ка за реон Охрид – Струга
(Унапредувач на продажба)
Работни задачи:
  • Позиционирање на артикли на продажни рафтови
  • Следење на продажба во продажни објекти
  • Информирање за обртот на артиклите и волуменот на продажба на истите
  • Спречување залиха на артикли кои не се обртни
  • Сугестија за дополнителни приоритетни нарачки
  • Известување за тековни проблеми при позиционирање на одредени артикли или нарушени позиции
  • Следење на артикли (декларации, рокови, оштетување на роба)
  • Поставување и следење на акциски банери за одредени артикли (акциски)
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
  • Претходно работно искуство не е задолжително
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Пожелно познавање на компјутерски вештини (word, excel)
  • Фокусираност на зададените задачи
  • Лојалност и комуникативност
  • Можност за самостојна и тимска работа
  • Презентациски вештини
  • Трпеливост и упорност
Бенефиции:
  • Редовни месечни примања кои можат да прогресираат во зависност од перформансите и работната успешност + дополнителни стимулации
  • Службен мобилен телефон и службено моторно возило со право на користење во работното време за извршување на работните обврски и одговорности како и за приватни цели по завршување на работниот ден
  • Регрес за годишен одмор
  • Најмалку 20 дена годишен одмор
  • Пакет производи за роденден
  • Ваучер за новороденче
  • Бонуси за лојални вработени
  • Пакет производи за Нова година
  • Можност за професионален развој

Пријавување до: 01. 10. 2025.

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави