КултураОХРИД СЕГА
58

Вечер на кратки филмови на Кино „Четврток“ во Охрид

На 02ри април 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во просториите на Филмскиот институт ФИОФА во Охрид, во рамки на програмата на Кино „Четврток“ ќе се одржи „Вечер на кратки филмови“, посветена на локалните автори и нивните филмски приказни.

Публиката ќе има можност да проследи избор од шест кратки филмови, кои преку различни теми и пристапи го отсликуваат културниот, историскиот и современиот дух на Охрид и пошироко. На репертоарот се филмови од авторите: Љупчо Паункоски, Илија Пиперкоски, Антонио Вељаноски (Архрид), Јован Цветкоски (5 до 12), Ѓоко Симјаноски и Димитар Димоски (Фокус Покус).

Програмата вклучува документарни и авторски филмови кои обработуваат теми како зачувување на архитектонското наследство, македонската народна музика, спортските легенди, интимни човечки приказни, како и сеќавања на кино културата во Охрид.

Влезот за настанот е со минимум донација од 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Со оваа вечер, Кино „Четврток“ продолжува да ја поттикнува локалната филмска сцена и да создава простор за промоција на домашните автори и нивните дела.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави