Инфо за Млади
11

Учество во истражување: Како подобро да ги поддржиме младите во криза?

Дали сакаш твоето мислење да придонесе за подобра поддршка на младите во време на кризи?

Во тек е истражување за потребите на младите во услови на кризи (пожари, поплави, пандемии, екстремни временски услови и други итни ситуации). Целта е да се утврди како младинските центри и младинските организации можат подобро да ги поддржат младите во вакви ситуации. Младите можат и Супортко Кочани ги покануваат младите, родителите и професионалците да го споделат своето мислење преку краток анонимен прашалник.

Пополнувањето трае околу 5–7 минути

  Линк за млади – https://forms.gle/Vcfumh5m5dN2mSvy7

  Линк за родители – https://forms.gle/hW7KA3mxD65JZi218

  Линк за институции и организации – https://forms.gle/C5fAFTDtobcqMXEe9

Истражувањето се спроведува рамки на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Резултатите ќе придонесат за изработка на протокол за работа на младинските центри во кризни услови, со конкретни препораки за сервиси, активности и вклучување на младите.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави