МЦО ПРАЈТ
88

Студиска Посета во Младински Центар Охрид во склоп на Проект FOMYW – партнер Коалиција на младински организации СЕГА

Коалиција на младински организации СЕГА е партнер на проектот „For open minded youth workers“ кој се спроведува во соработка со организациите Maison Pour Tous Léo Lagrange од Шербоург и Musique Expérience од Дусе, Франција.
Во рамките на проектот во периодот од 08 – 14 март 2024 година се реалира студиска посета со претставници од двете организации од Франција.
Целта на студиската посета е да се истражи младинската работа во нашата држава, поддршката која ја даваат локалните власти и да се споделат искуства со можност за идна соработка.
На 12 март се реализира средба со претставници на Општина Охрид, раководител на сектор за млади и невладини, по што следеше средба со граѓански организации и млади кои се истакнуваат со особен младински активизам, која се реализираше во Малдински Центар Охрид.
Тука, имаа можност да слушнат повеќе за младинскиот и граѓанскиот активизам во Охрид, како и нивното делување, пристапот и упорноста, со цел вмрежување и разменување на позитивни практики и искуства за понатамошно пренесување на истите во својот делокруг на работа и домен на интерес.
•••“Success is best when it’s shared.” •••

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави