ИНФОРМИРАЈ СЕОбразованиеОХРИД СЕГА
694

Сертифицирана обука Работник со млади

Во Младински Центар Охрид започна циклусот на обуки за Работник со млади, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА.

Сертифицираната обука за Работници со млади  ќе продолжи во следните три месеци.

„Што е младинска работа? Кои се елементите на младинската работа? Организирање на работа со млади?“, се само дел од темите со кои се запозна Првата генерација на Работници со млади.

Првиот модул се одржа од 27 – 29 јануари 2023 година.

Младинската работа е процес на создавање средина каде што младите ќе можат да се вклучат во неформални образовни активности. Целта е да се вклучат младите луѓе во координирани програми, како што се рекреативни, креативни, образовни или социјални. Со младинската работа се развиваат капацитетите на младите луѓе, се креирааат услови и изгрдуваат позитивни релации со младите луѓе за да можат да одговорат на потребите на заедницата.

Преку младинската работа се оснажуваат младите луѓе да можат активно да ги реализираат нивните права, а во исто време и активно да учествуваат во донесувањето на одлуки кои директно ги засегаат младите.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави