Инфо за Млади
14

Процесен Машински или Електро Инженер

За компанијата:

  • Виа Пром Охрид извезува прехранбени производи 30 години на странските пазари. Компанијата започна со работа во новата фабрика за производство на кондиторски производи лоцирана во Охрид на Улица Железничка, Комплекс Златно Јајце во септември 2025. Фабриката е изградена според највисоки стандарди во согласност со регулативите на ЕУ. Производството е автоматизирано со одлични и модерни услови на работа.

Потребни квалификации:

  • ВСС – машински или електротехнички факултет или поврзано.
  • Најмалку 5 години релевантно искуство во производство.
  • Одлично познавање на работа со компјутер.
  • Познавање на англиски јазик.
  • Способност за решавање проблеми поврзани со опремата и процесите.
  • Одговорност и способност за организација на луѓе и процеси.
  • Одлични комуникациски способности со кои што ќе се овозможи едноставно објаснување на сложени идеи и постапки на сите засегнати страни.
  • Возачка дозвола Б-категорија.

Главни задачи и одговорности:

  • Надзор и темелна контрола врз машинските производствени процеси.
  • Обезбедување на превентивно и оперативно одржување на машините и опремата.
  • Организација, контрола и целокупно управување со работата на тимот за технички операции со цел почитување на безбедносните правила и употреба на превентивна и заштитна опрема и алати, како и контрола при спроведување на претходно-зададените задачи и инструкции.
  • Обука и професионално надоградување на работниците.
  • Развивање и ажурирање на плановите за одржување.
  • Идентификување на износени делови.
  • Нарачување на резервни делови.
  • Анализирање на причините за прекин на работата и преземање мерки за нивно отстранување.
  • Мониторинг и контрола на трошоците за одржување.
  • Комуникација со шифт мајстори, процесни инженери и добавувачи на машини и опрема.
  • Следење на квантитетот и квалитетот на производот, со цел навремено да се идентификува, отфрли или спречи произведство на неисправни производи.
  • Следење и контрола на дневното производство.
  • Спроведување на воведените стандарди за безбедност на храна во делот на процесите поврзани со машинското работење. Истото подразбира и водење документација за спроведените контролни активности.

Личен профил:

  • Солидни организациски способности.
  • Солидни комуникациски вештини.
  • Дисциплина на работно место.
  • Точност и педантост.
  • Посветеност.
  • Одговорност.
  • Професионален и љубезен однос.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Работа во една смена (понеделник-сабота)
  • Професионален предизвик во домашна, семејна и стабилна извозна компанија со континуиран развој.
  • Можности за брзо унапредување.
  • Позитивна работна атмосфера.
  • Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности.

 

Пријавување до: 02.04.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави