ЕкологијаИНФОРМИРАЈ СЕОХРИД СЕГА
371

Предлог – иницијатива за измена на степенот на заштита на трската

На 31 јануари Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален Зелен Центар Охрид,  во просториите на Младински Центар Охрид одржа средба со сите релевантни институции, локално население и млади за формирање форум за управување и заштита на трската.

Цел на настанот беше да се  направи предлог – иницијатива за измена на степенот на заштита на трската.

Здружението за заштита и одржлив развој Регионален зелен центар Охрид е непрофитна, невладина организација со седиште во градот на УНЕСКО, Охрид. Регионалниот зелен центар (РЗЦ) е регистриран во Март 2019 година, но е и сукцесор на извидничката организација во Охрид со искуство во спроведување на активности за заштита и унапредување на животната средина посебно во сливот на Охридското Езеро и поширокиот Дримски Басен.

*Проектот “Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро” на Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР ОХРИД, се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

*Содржините и ставовите искажани на настанот се единствена одговорност на организаторот и не нужно ги одразува ставовите на Младинскиот Центар Охрид.

 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави