Во рамки на проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ објави повик за учесници на обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT), наменета за обучувачи и едукатори кои работат во областа на образованието за возрасни и се заинтересирани да ги унапредат своите знаења и вештини за вештачка интелигенција, како и да ги интегрираат во својата работа со возрасни ученици.
Обуката за обучувачи се состои од две меѓусебно поврзани фази:
ФАЗА 1 – ПОЧЕТЕН КУРС со фокус на зајакнување на капацитетите на учесниците за користење на развиениот курикулум и пакетот со алатки за писменост во областа на вештачка интелигенција во нивната сопствена работа.
ФАЗА 2 – КОНСОЛИДАЦИСКИ КУРС -рефлексија на практичната примена на курикулумот и пакетот со алатки, споделување искуства и зајакнување на вештините.
Рок за аплицирање: 3 јуни 2026 година
Повеќе информации на следниот линк.








