Jавен повик за членови на Локалното Собрание на млади на Општина Охрид. Целта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите во Општина Охрид.
Локалното Собрание на Млади ги известува заинтересираните дека објавува Повик за членови на Локално Собрание на Млади на Општина Охрид.
Право на учество на јавниот повик
Јавниот повик е отворен за претставници на: младински организации, организации на млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и другиоблици на младинско здружување кои се активни на територијата на Општина Охрид кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Да имаат активности на територијата на општина Охрид;
- Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој јавен повик;
- Делегатот и заменик делегатот кои ќе бидат номинирани требада се: жители на општина Охрид и да бидат на возраст од 15-29 години;
Апликантите задолжително треба да ги достават следните документи:
- Унифицирана пријава;
- Резиме од работата на организацијата; (не се однесува за политички подмладоци)
- Мотивационо писмо за учество во Локалното собрание на млади;
- Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или со млади во Општина Охрид; (не се однесува за политички подмладоци)
Јавниот повик трае 10 дена од денот на објавувањето по што следува оддржување на седница на локалното собрание на млади.
Дополнителни информаци и во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за млади и невладини организации).
Повеќе информации: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ НА ЛОКАЛНОТО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА ОХРИД – Ohrid.gov.mk