КултураОХРИД СЕГА
33

Нова проекција на филмот „Приказната за Силјан“ во Охрид

Во рамките на програмата Кино „Четврток“, оваа недела во Охрид ќе се одржи нова филмска проекција – македонскиот документарен филм Приказната за Силјан, во режија на Тамара Котевска.

Станува збор за емотивна приказна за тишината, истрајноста и неочекуваната врска меѓу човекот и природата. Филмот го следи животот на Никола – земјоделец кој останува сам во својата секојдневна борба, сè додека во неговиот живот не се појави повреден бел штрк. Спасувајќи го Силјан, тој создава длабока и искрена врска која му го менува погледот кон светот и му дава нова смисла.

„Приказната за Силјан“ ја имаше својата светска премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, беше македонски кандидат за Оскар, а во септември 2025 година компанијата National Geographic Documentary Films ги откупи светските права за дистрибуција, потврдувајќи го неговиот меѓународен успех.

Проекцијата ќе се одржи на 19 март 2026 година, во просториите на Филмски институт ФИОФА (Универзитет „Св. Апостол Павле“), со почеток во 20:00 часот, додека влезот за публиката ќе биде отворен од 19:30 часот. По започнувањето на проекцијата, вратите ќе бидат затворени.

Цената на билетот изнесува 200 денари, а бројот на места е ограничен. Билетите се достапни во Кафе и бар „Шила“.

Кино „Четврток“ е иницијатива на Културолошка Иницијатива 5 до 12, која има за цел да придонесе кон враќање на кино културата во Охрид и да понуди континуирана филмска програма за публиката во градот.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави