Филмска проекција во МЦО
Локација: Младински Центар Охрид
Доколку си млад, љубопитен и подготвен за авантура на езеро – оваа обука е токму за тебе!
Придружи ни се на едукативна и забавна обука каде што ќе научиш:
Како безбедно да управуваш со СУП даска и кајак
Основи на безбедност при активности на вода
Како да ја заштитиш животната средина и убавината на Охридското Езеро
Млади лица од 13 години и нагоре
(бројот на учесници е ограничен – пријави се навреме!)
SUP Club Ohrid и Младински Центар Охрид
По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерта на 12 август, во понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.
Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.

Информации за билетите:
Утре, на 12.07.2024, петок, во Охрид започнува 64тото издание на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјава – Фестивалот Охридско лето.
Годинешното фестивалско издание предвидува околу 50 настани со 800 уметници од 24 земји ширум светот- ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.
Свеченото отворање годинава ќе го одбележи грандиозен концерт на светскиот виртуоз на виолина од Латвија, Џулијан Рахлин. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.
Фестивалската сцена повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните кои ќе создадат квалитетна, атрактивна и возбудлива програма. Ги охрабруваме сите љубители на класичната музика, џезот, театарот да ги посетат богатите настани од 12 јули до 20 август.
„Охридско лето“, уште од 1961 година со својата врвна програма и светски уметници претставува совршен спој на музиката, театарот и воопшто на уметноста. Денес фестивалот е синоним за достоинство не само на Охрид, туку и на државата. Преку него светот не препознава на најрепрезентативен начин.
Настаните ќе се одржуваат на сцени поставени на различни познати локации низ градот: Долни Сарај, Антички Театар, Црква Света Софија и Предворје на Црква Света Софија и Центарот за култура „Григор Прличев“.
Билетите за настаните организирани од НУ „Охридско лето“ Охрид, можат да бидат набавени во билетарниците на НУ „Охридско лето“: билетарница во дирекцијата, билетарница на Кеј „Македонија“ и билетарница на плоштад „Крушевска Република“ (Чинар) На денот на настанот, билети можат исто така да се купат на продажните пултови пред сцените.
За повеќе информации обратете се на официјалната страна на Охридско лето на следниот линк.
Денес во Охрид започнува Охридскиот Фестивал на Виното – Ohrid Wine Fest 2024. Oд 27-ми до 29-ти јуни, истиот ќе се одржува на кеј „Македонија“ пред хотел „Палас“.
Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната средба со новинарите истакна дека фестивалот полека но сигурно зазема место и ја разубавува туристичката разгледница на Охрид.
– Овој фестивал како и Оhrid water festival, се одраз на нашите големи желби за поголема туристичка промоција на Охрид и Охридското Езеро. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди кои ќе настапат, тоа и го ветуваат. Во трите фестивалски ноќи ќе настапуваат и стенд ап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски- подвлече градоначалникот Пецаков.
Пане Темов од организацискиот одбор на фестивалот се осврна на програмскиот дел.
– Во четврток ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Во петок „Urban Planet“, „NEXT TIME“, „BRASS BROTHERS“ . Саботната вечер е резервирана за „Балканико“, групата „АРЕА“ и Влатко Лозановски – рече Темов.
Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Охрид, а во организација на CRAFT продукција.
Преземено од Ohrid.gov.mk.
Ве покануваме на нашата голема забава на 25ти јуни (вторник) во просториите на Младински Центар Охрид со почеток во 19:00ч.
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид под менторство на професорот Игор Стефановски спремија богат репертоар со добро познати песни од големи домашни и странски артисти.
Да ги поддржиме младите музички надежи од Охрид и да се забавуваме!
Настан кој не се пропушта, не дозволувајте да ви раскажуваат!
На 21.02.2023 (вторник) од 13:00ч во просториите на Младински Центар Охрид (Поранешна Касарна), во склоп на програмата повод 21ви февруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик, младата писателка Матеа Стоев ќе го промовира своето второ литературно дело, збирката раскази „Другаруваме со Лили и Вили“, а од 13:30ч Матеа Стоев ќе одржи креативна работилница со децата од ООУ „Кочо Рацин“.
Утре, вторник, младата писателка од Охрид, Матеа Стоев, ќе одржи промоција на своето второ литературно дело, збирката раскази ,,Другаруваме со Лили и Вили”, книга која преку доживувањата на двата главни лика има за цел да пренесе порака која кај младата читателска публика ќе ги поттикне и развие љубовта, почитта, другарството, емпатијата, здравите навики итн.
Матеа Стоев зад себе го има и делото, збирка песни ,,Мојата шарена стихувалка”, а добитник е и на бројни награди од областа на литературата, музиката и науката.
Книгата ,,Другаруваме со Лили и Вили ” може да се најде во продажба во книжарниците ,,Снежана” во Охрид како и низ книжарниците во државава.