Category: Волонтерски Клуб

Пријава за волонтери – Недела на млади

Младински Центар Охрид по повод 12-ти август, Светски ден на млади, организира серија на активности од 11ти до 15ти август. За да ја направиме оваа недела уште позабавна и поуспешна, ни треба твоја помош!

Што бараме?
Волонтери на возраст од 15 до 29 години кои ќе бидат дел од тимот и ќе помогнат во организација на работилници, настани и други активности.

Зошто да се пријавиш?

  • Се среќаваш со нови луѓе
  • Го развиваш твоето лидерство и тимска работа
  • Помагаш во организирање на важен настан за младите!

 

Пријави се и стани дел од оваа прекрасна иницијатива!

Последен рок за пријавување: 10ти август 2025 година

Стани дел од Волонтерскиот клуб на МЦО

Пријава за Волонтерски Клуб – Младински Центар Охрид
Дали си на возраст од 15 до 29 години? Дали сакаш креативно да го исполниш слободното време, да стекнеш нови знаења и да се запознаеш и дружиш со врсници со исти интереси?
Аку одговорот на све ти е ДА, не тук му ја мисли и пријавувај се з’ш ова е совршената можност за тебе!
Стани дел од волонтерскиот клуб на Младински Центар Охрид и придонеси за развојот на младинската заедница преку различни активности:
   – Организирање и учество во настани, работилници и проекти
   – Акции за зачувување на животната средина и поддршка на локалната заедница
   – Креативни и едукативни иницијативи
   – Вмрежување со активни и инспиративни млади луѓе
Придобивки?
 * Развој на нови вештини и искуства
 * Сертификат за волонтирање
 * Можност за учество во локални и меѓународни проекти

 * Дружење, забава и инспирација!

Пријави се на линкот.
Ве очекуваме заедно да испишеме нови страници во приказната на Младински Центар Охрид!

Приклучи се на клубовите во Младински Центар Охрид

Ако сте на возраст од 15 до 29 години и сте подготвени да влијаете позитивно во нашата заедница ве покануваме да се придружите на клубовите на Младински Центар Охрид:
 Клуб на волонтери – Донесете позитивни промени во вашата заедница!
 Креативен клуб – Истражете ја уметноста, дизајнот и самоизразувањето!
 Медија клуб – Усовршете раскажување приказни преку социјалните медиуми, поткасти, филмот и фотографијата!
 Зошто да се придружите?
Запознавање неверојатни луѓе и стекнување нови пријатели!🤝
Стекнување нови вештини и практично искуство! 🛠️
Зголемете го вашето CV со кул проекти и работилници! 📝
Забавувајте се и бидете дел од нешто големо! 🎊
⏰ Како да аплицирате:
Кликнете на линкот подолу или посетете нѐ во Центарот!
✨ Ова е вашиот момент да заблескате и да ги инспирирате другите! Заедно да создаваме големи работи!
Tags:

Волонтерите на Младински Центар остварија успех на Ohrid Water Festival

На 22 август 2023, во рамки на четвртиот ден од Ohrid Water Festival, се одржаа СУП трките за деца, млади и возрасни организирани од SUP Club Ohrid.

На истата учествуваа нашите волонтери Марија Жилеска и Стефан Бушиноски. Стефан  се натпреваруваше во кетегоријата млади од 16-21 година и освои 1 место. Марија беше дел од првата група каде го освои 4 место.

Трките се реализираа во 3 категории и тоа – спринт трки на 500 метри:

  1. Првата трка за деца од 10 – 15 години (Палас – хотел SU)
  2. Втората трка за млади од 16 – 21 година (Палас – хотел SU)
  3. Рекреативно веслање предвиденo за сите учесници над 21 година (Палас – Канео – Палас)

Одлично поминат ден исполнет со забава и авантура на вода ! Овој настан беше совршена прилика младите да ги покажат своите вештини и да се дружат и уживаат на вода.

 

Вечер на трикови со Филип Огњан – Fantomsky

На 6 април (четврток) во 20:00 часот во Младински Центар Охрид, повелете на магична вечер.
По барање на младите во Младински Центар Охрид го враќаме од пензија Филип Огњан – Fantomsky.
Ве очекува дружење, смеа, трикови и незаборавна забава.
Се гледаме на магична вечер!

МЦО мурал: Ретко е да си редок

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во насока на поддршка на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, Младински Центар Охрид со дел од волонтерите го обои Центарот во боите на ретките болести со мотото „Ретко е да си редок“.

Во месецот со најмалку денови во годината ја подигнуваме јавната свест со крената обоена дланка и ги доближуваме потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејствата.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”10565,10546,10564,10547,10563,10549,10545,10550,10551,10548,10552,10553,10554,10556,10557,10555,10558,10559,10560,10561,10562″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″ autoplay=”1″ autoplay_period=”7s”][/vc_column][/vc_row]

Формиран Волонтерскиот Клуб на МЦО

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 Декември се формираше Волонтерскиот Клуб на Младински Центар Охрид.
 
Волонтерството е едно од основните активности кои младите треба да ги преземаат за личен раст и развој.
 
Ова е одлична можност за развивање на духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со конкретни дела да го направиме нашето опкружување поубаво место за живеење.
 
 

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”9492,9491,9320,9319,9321,9322,9323″ fullscreen=”1″ nav=”dots”][/vc_column][/vc_row]

ПОВИК за Волонтерски Клуб

Младински Центар Охрид го проширува својот тим и со истата цел објавува повик за волонтери.
Секое лице на возраст од 15 до 29 години може да пристапи преку пополнување на апликацијата на овој линк Пријава за волонтери – Младински Центар Охрид (office.com)
Бидете дел од волонтерскиот клуб на МЦО! Со мал инпут, да произведеме голем аутпут!
Ве очекуваме!