Панел-дискусија по повод Светскиот ден на театарот
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15131,15132,15133,15134,15135,15136,15137,15138,15129″][/vc_column][/vc_row]
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15131,15132,15133,15134,15135,15136,15137,15138,15129″][/vc_column][/vc_row]
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
На 25 март 2025 година, во просториите на Младински Центар Охрид се оддржа креативна работилница за реупотреба на текстил. Учесниците кои беа дел од работилницата имаа можност да научат основни техники на шиење и да ги пренаменат старите материјали во нови, корисни предмети. Од стари парчиња текстил изработивме уникатни чанти и модни додатоци, покажувајќи како со малку креативност можеме да намалиме отпад и да им дадеме нов живот на материјалите.
Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15113,15114,15115,15116,15117,15118,15119,15120,15112″][/vc_column][/vc_row]
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 13.03.2025 година, во просториите на Младински Центар Охрид, заедно со млади претставници од ученички заедници, Локално младинско собрание, Локален младински совет, студенти и млади вработени лица, се одржа првиот младински круг за 2025та година на тема „Како да го направиме Охрид подобро место за младите?“.
💡 Што постигнавме?
✅ Ги мапиравме клучните предизвици со кои младите се соочуваат во Охрид – од недостаток на можности за пракса, преку несоодветна пристапност и еколошки предизвици, до недостиг на културни и спортски содржини.
✅ Генериравме креативни решенија – иницијативи за младински пракси, отворање нови културни простори, подобрување на јавниот превоз, кампањи за еко-свест и многу повеќе!
✅ Ги дефиниравме првите чекори – соработки со Локалниот младински совет, Општина Охрид, граѓански организации и приватниот сектор за реализација на конкретни идеи.
🙏 Благодарност до сите што се вклучија – вашата енергија и идеи покажаа дека младите во Охрид имаат што да кажат и сакаат да бидат дел од промената! Ова не е крај, туку само почеток на еден подолг процес на младинска акција! 🚀
📢 Сите заклучоци од дискусијата ќе бидат документирани и испратени до релевантните институции за понатамошно застапување. Следете нè за наредните активности и начините како можете да се вклучите![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15094,15095,15096,15097,15098,15099,15100,15093″][/vc_column][/vc_row]
Утре, 27. 03. 2025 година, по повод Светскиот ден на театарот со почеток од 20 часот на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи панел дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.
Како вовед во панелот ќе се прочитаат овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, потоа на темата ќе говорат дел од ансамблот на Охридскиот театар, а за крај е предвидена и дискусија со присутните.
Настанот кој што е организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид првенствено е наменет за младата публика (средношколци и студенти), но добредојдени се и сите оние љубители на театарот кои имаат желба да присуствуваат.
Влезот е бесплатен!
ПОВИК ДО МЛАДИ ПОЕТИ ОД ОХРИД!
И оваа година, Младински Центар Охрид ве поканува да бидете дел од нашата онлајн промоција на млади поети по повод Светскиот ден на поезијата – 21ви Март!
Ако пишувате поезија и сакате вашите стихови да бидат споделени со пошироката публика, испратете ни:
📜 Ваша авторска поезија
📝 Кратко био (кој сте, што ве инспирира)
📸 Ваша фотографија
📍 Вашите податоци (Град, години, контакт)
📩 Испратете ги вашите материјали најдоцна до 18ти март на: [email protected]
Да го прославиме Светскиот ден на поезијата заедно! 🎤💫
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 6-ти март, во Младински Центар Охрид, го одбележавме Денот на книгата со настанот Светови меѓу корици, каде што љубителите на литературата уживаа во инспиративни разговори, книжевни предизвици и пријатно дружење.
Главниот дел од вечерта беше Q&A сесијата со локалните автори Јордан Коцевски и Евгенија Н. Веровска Трајаноска, кои споделија детали за нивното творештво, инспирацијата и предизвиците во светот на издаваштвото. Публиката поставуваше прашања, отворајќи интересни дискусии за пишувањето и книжевната сцена.
Квизот внесе дополнителна динамика, каде што учесниците ги тестираа своите познавања од литературата, натпреварувајќи се меѓусебно. Најдобрите покажаа извонредно знаење, а како награда добија книги од авторите и подароци од Младински Центар Охрид!
На крај, се опуштивме во неформален разговор, разменувајќи препораки за читање и споделувајќи инспирација.
Голема благодарност до сите што беа дел од овој настан и помогнаа да создадеме прекрасна атмосфера исполнета со љубов кон книжевноста![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15073,15075,15076,15077,15078,15079,15080″][/vc_column][/vc_row]
По повод Меѓународниот ден на жената на 7 март реализиравме креативната работилница , каде учесниците со многу љубов и труд изработија честитки и рачно направени цвеќиња од разни материјали.
Дел од работилницата се одржа во ОУ „Св. Климент Охридски“, каде учениците со ентузијазам ги подготвуваа своите уникатни подароци, а подоцна, во нашите простории, останатите заинтересирани уживаа во создавањето прекрасни изработки.
Се надеваме дека мајките и најблиските добија подароци полни со љубов!
Фотографии на следниот линк.
Ве покануваме да бидете дел од нашиот МЛАДИНСКИ КРУГ: Како да го направиме Охрид подобро место за младите?
Кога? 13.03.2025 | 19:00ч
Каде? Младински Центар Охрид
💡 Оваа младинска дискусија е простор каде што ќе:
✅ Идентификуваме клучни младински предизвици во Охрид
✅ Генерираме креативни решенија преку бура на идеи
✅ Гласаме за најдобрите идеи и ќе создадеме акциски план
🔹 За кого? Млади од 15–29 години од Охрид и околината
🔹 Времетраење: 2 часа
🔹 Фасилитатори: Младинските работници од МЦО
🎯 Очекуван резултат: Листа на реални идеи кои можеме заеднички да ги реализираме! 🏆
📢 Твоите идеи можат да го направат Охрид подобро место за младите – приклучи се и сподели ги! 🚀
🔗 Пријави се тука.
📩 За повеќе инфо, пиши ни емаил на [email protected] или на нашите социјални мрежи.
Walk for Rare – На 28.02.2025 пешачевме за оние што се борат секој ден! Со секој чекор шириме свесност за ретките болести и испраќаме порака за поддршка, љубов и солидарност.
Заедно сме посилни, затоа што ретките не треба да бидат невидливи!
Поддршка дадоа учениците од средните училишта, млади од Охрид, но и нашите гости од Кастамону, Турција.
Фотографии на следниот линк.
[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]
Во периодот од 19 февруари до 2 март 2025, 20 млади од Кастамону, Турција, беа дел од програмата Mobility of Youth Workers: Green Practices Job Shadowing Activity во Охрид.
Низ две недели активности, тие се запознаа со локалните иницијативи за заштита на природата, одржлив туризам и еколошки практики.
Клучни моменти:
Оваа размена беше одлична можност за младите да стекнат знаење, да разменат искуства и да создадат нови идеи за одржливи еколошки практики во нивните заедници!
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15038,15037,15036,15035,15034,15033,15032,15031″][/vc_column][/vc_row]