На 13.03.2025 година, во просториите на Младински Центар Охрид, заедно со млади претставници од ученички заедници, Локално младинско собрание, Локален младински совет, студенти и млади вработени лица, се одржа првиот младински круг за 2025та година на тема „Како да го направиме Охрид подобро место за младите?“.
💡 Што постигнавме?
✅ Ги мапиравме клучните предизвици со кои младите се соочуваат во Охрид – од недостаток на можности за пракса, преку несоодветна пристапност и еколошки предизвици, до недостиг на културни и спортски содржини.
✅ Генериравме креативни решенија – иницијативи за младински пракси, отворање нови културни простори, подобрување на јавниот превоз, кампањи за еко-свест и многу повеќе!
✅ Ги дефиниравме првите чекори – соработки со Локалниот младински совет, Општина Охрид, граѓански организации и приватниот сектор за реализација на конкретни идеи.
🙏 Благодарност до сите што се вклучија – вашата енергија и идеи покажаа дека младите во Охрид имаат што да кажат и сакаат да бидат дел од промената! Ова не е крај, туку само почеток на еден подолг процес на младинска акција! 🚀
📢 Сите заклучоци од дискусијата ќе бидат документирани и испратени до релевантните институции за понатамошно застапување. Следете нè за наредните активности и начините како можете да се вклучите!