МЦО ПРАЈТ
9

Светови меѓу корици – Денот на книгата

На 6-ти март, во Младински Центар Охрид, го одбележавме Денот на книгата со настанот Светови меѓу корици, каде што љубителите на литературата уживаа во инспиративни разговори, книжевни предизвици и пријатно дружење.
Главниот дел од вечерта беше Q&A сесијата со локалните автори Јордан Коцевски и Евгенија Н. Веровска Трајаноска, кои споделија детали за нивното творештво, инспирацијата и предизвиците во светот на издаваштвото. Публиката поставуваше прашања, отворајќи интересни дискусии за пишувањето и книжевната сцена.
Квизот внесе дополнителна динамика, каде што учесниците ги тестираа своите познавања од литературата, натпреварувајќи се меѓусебно. Најдобрите покажаа извонредно знаење, а како награда добија книги од авторите и подароци од Младински Центар Охрид!
На крај, се опуштивме во неформален разговор, разменувајќи препораки за читање и споделувајќи инспирација.
Голема благодарност до сите што беа дел од овој настан и помогнаа да создадеме прекрасна атмосфера исполнета со љубов кон книжевноста!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави