Category: Инфо за Млади

Повик за учесници на обука за лобирање, застапување и антикорупциски практики

Младински совет Прилеп во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, организира обука за „Лобирање, Застапување и Антикорупциски практики“ со цел учесниците да стекнат вештини за следење на политиките, стратешка комуникација и креирање локални акциони планови за застапување кои ќе можат да ги имплементираат во нивните заедници.

За време на обуката учесниците ќе изготват акциони планови за застапување кои ќе промовираат транспарентност и одговорност во нивните заедници. Најдобрите 5 планови ќе бидат поддржани со финансиски средства на проектот за да се осигура нивно спроведување.

Краен рок за пријавување; 10 Април 2025 год.

Повеќе информации и пријавување на следниот линк.

Консултативна средба за приоритети на повици од Европската Унија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ги кани сите заинтересирани на консултации за финализирање на дискусијата за приоритетите и другите специфики на повиците за предлози програмирани во рамките на ИПА III Програмата за граѓанско општество и медиуми 2024-2025 година. Консултациите ќе бидат онлајн на 28.03.2025 (петок) од 10:00 – 12:00 часот.

Консултациите ќе ги отвори г-дин Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје.  Дискусиите ќе се фокусираат на идентификување на приоритетните теми, типот на акции и други специфики за следните повици за предлози:

  1. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ и преговорите;
  2. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области;
  3. Повик за предлози (Оперативни грантови) – Рамковни договори за партнерство.

Повеќе информации на следниот линк.

Преглед на можности за финансирање на Граѓански организации

Граѓанскиот ресурсен центар подготвува месечни прегледи на отворени повици и можности за финансирање на граѓанските организации од различни извори. Месечните прегледи ги испраќа до целата маилинг листа на организации. Ова придонесува кон навремено информирање на организациите и зголемување на нивните можности за аплицирање за финансиска поддршка и за нивна одржливост.

Повеќе инфо на следниот линк.

Обуки и грантови за циркуларна економија

People in Need (“Луѓе во потреба“ – ПИН) објавува повик за учество во обуки и грантова поддршка за грасрут граѓански организации (ГО) и групи кои работат во областа на циркуларната економија и намалување на отпадот. Повикот е во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркулчарна економија во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија.

Со овој повик, 12 мали и грасрут организации и групи кои работат во областа на циркуларната економија ќе имаат можност да ги развијат своите капацитети преку прилагодени обуки.

Со обуките ќе бидат опфатени најмалку следните теми:

1. Вовед во циркуларна економија, зелена агенда, рамка на политики;
2. Принципи на кружен дизајн и бизнис модели;
3. Управување со отпад и рециклирање;
4. Застапување и партиципативен дијалог за политики;
5. Организациска визија и стратегија;
6. Прибирање средства (развој на предлог проект, буџетирање, зелено финансирање, претставување на идејата);
7. Видливост на акции финансирани од ЕУ;
8. Управување со проекти, вклучително финансиски и оперативни аспекти.

Обуките ќе бидат спроведени преку онлајн сесии, во период од два (2) месеци, по една обука неделно.

По обуките, 8 од 12 организации ќе имаат можност да добијат грант до 3000 евра за финансиска поддршка на своите локални акции за намалување на отпадот, реупотреба, рециклирање, надградба.

За да се пријавите на овој повик, прочитајте го внимателно целиот опис на повикот за подобноста и начинот на аплицирање, пополнете ја пријавата (прилог 1) и поднесете ја заедно со сите пропратни документи на [email protected] најдоцна до 16 март 2025, 23:59.

Повеќе инфо на следниот линк.

Повик за грантови за млади еколози

Повик за мали и средни грантови „Д-р Љупчо Меловски“ 2025

Нова можност за младите еколози истражувачи да добијат и спроведат мал или среден грант и да искусат вистинско истражување. Македонското еколошко друштво, преку Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо Меловски“ со гордост го распишува новиот повик за мали и средни грантови, преку кој еколозите не постари од 30 години можат да аплицираат за мал или среден грант.

Повеќе инфо на следниот линк.

Оглас за работа: Дигитален маркетар

Оглас за работа: Дигитален маркетар

Локација: Касарна Хаб, Охрид
Работно време: 9:00 – 17:00
Опис на работната позиција:
Холандско-македонски старт-ап со седиште во Касарна Хаб – Охрид

Главни задачи:
– Развој и имплементација на ефективни маркетинг стратегии
– Управување со социјалните медиуми
– Создавање креативна содржина.

Квалификации:

  • Високо ниво на познавање на англиски јазик (писмено и усно).
    – Искуство во работа со социјални медиуми (Facebook, Instagram, TikTok) и алатки како Canva и WordPress.
    – Способност за пишување креативни и јасни натписи.
    – Познавање на маркетинг стратегии и најновите трендови во дигиталниот маркетинг.
    – Сертификати за дигитален маркетинг или сродни области ќе се сметаат за предност.
Што нудиме:
  • Работа во инспиративна и динамична стартап средина.
  • Работно место во Касарна Хаб – Охрид.
  • Работно време од 9:00 до 17:00.
  • Можност за професионален развој и раст во рамките на компанијата.
Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате барањата, испратете ја вашата биографија и портфолио (доколку имате) на [email protected] најдоцна до 01/02/2025.

ПОВИК: СТАНИ ХЕРОЈ НА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА!

Повик за локални младински иницијативи на тема циркуларна економија и справување со отпад:

Имаш идеја со која можеш да придонесеш за подобрување на твојата локална заедница? Токму сега е моментот да станеш херој на твојата заедница!

Те повикуваме да земеш учество во највозбудливиот локален предизвик досега! Доколку имаш иновативна идеја за заштита на животната средина преку користење на концептот на циркуларна економија, ова е совршената можност за тебе.

ШТО БАРАМЕ?

Бараме млади кои имаат ентузијазам и креативни идеи и иницијативи за решавање на локални предизвици поврзани со животната средина, насочени кон:

  • Намалување на потрошувачката на ресурси и материјали, вклучително и отпад;
  • Пракси и иницијативи за повеќекратна употреба на производи;
  • Поправка и ре-употреба на оштетени производи, наспроти нивно фрлање;
  • Претворање на отпадните материјали во нови суровини преку процеси на рециклирање;
  • Трансформирање на отпадни материјали или стари, неискористени предмети во нови производи;
  • Кампањи за застапување и подигање на свеста поврзани со горенаведените области.

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?

Сите млади од Велес, Куманово, Липково, Кавадарци, Битола, Охрид, Македонски Брод и Пробиштип, на возраст од 15 до 29 години, кои сакаат да спроведат локална иницијатива. Формирај тим од пет лица со твоите врсници, аплицирај за учество во проектот и придонеси за твојата заедница. Изборот на тимот кој ќе ја добие можноста да ја реализира својата локална иницијатива ќе се заснова на следните критериуми:

  • Степен на мотивација изразен во апликациската форма (10 поени);
  • Релевантност на предложеното решение во однос на целите на повикот (10 поени);
  • Иновативност на предложеното решение (10 поени);
  • Изводливост на предложеното решение (10 поени).

Во процесот на селекција, предност ќе имаат младите лица кои учествувале на OWIS (One World in School – „Еден свет во училиштето“) работилница во рамките на локалните Младински центри.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ:

Кликни ТУКА и дознај како можеш да го пријавиш твојот тим и што ќе добиете ако сте избрани!

 

Овој повик е дел од проектот “Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита. Неговата содржина е единствена одговорност на ЛЕАД и не ги одразува ставовите на Европската унија.

Младинска конференција за бизнис и претприемништво во МЦО

Младински Центар Охрид со задоволство ве поканува на Младинската конференција за бизнис и претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ посветена на младинската вработливост, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво, која ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток во 11:30 часот во просториите на Младински Центар Охрид.

Целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и иновации преку споделување на успешни бизнис приказни и обезбедување на платформа за вмрежување и размена на идеи. Конференцијата има за цел да ги инспирира младите да започнат свои бизниси и да ги опреми со потребните знаења и вештини за успешно претприемништво.

Исто така настанот претставува одлична можност за вмрежување на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.

Повик за учество во програма за лидерство во заедницата UP2YOU

Повик за учество во програма за лидерство во заедницата UP2YOU
Подгответе се да ги подобрите своите вештини и да водите промена во вашата заедница!
Пријавете се во Програмата за лидерство во заедницата UP2YOU која нуди пет БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви дизајнирани од и за студенти од високо образование,
едукатори, професионалци и волонтери на граѓански организации! Програмата е развиена во рамките на проектот Еразмус+ UP2YOU – Надградба на
универзитетските патеки за промовирање на одржливи и инклузивни практики, и ги вклучува следните обуки:
Совладајте го вашиот проект: Микро обука за управување со проекти: 4 ноември – 22 ноември 2024 година
Finance Forward: Совладување на финансиски менаџмент и прибирање средства: 4 ноември – 22 ноември 2024 година
Отклучете го вашиот личен и професионален потенцијал. Обука за животни вештини и вработливост: 25 ноември – 13 декември 2024 година
Премостување на празнините: Дигитални вештини за граѓанското општество: 16 декември 2024 – 13 јануари 2025 година
Зајакнете ја вашата заедница: социјално претприемништво и иновации: 13 јануари  – 31 јануари 2025 година
Секој онлајн курс трае 3 недели и вклучува обем на работа од 25 часа (еквивалентно на 1 CFU).

Можно е да изберете повеќе од еден курс за учество!!!

Што добивате:
– Подлабинско разбирање на клучните теми како што се проектен менаџмент, финансиски менаџмент, дигитални вештини, социјално претприемништво и меки
вештини.

– Можности за вмрежување со истомисленици.
– Сертификат за завршен курс за секој курс.
– Наведените обуки и материјали се бесплатни, без трошоци!
Пријавете се до 17 ноември 2024 година на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdWp0Sr6PZ800IZBUyQDz9_-
aQVHf77TOfmdhwiJy_5dPDOjg/viewform
За повеќе информации, погледнете ја брошурата за курсот:
https://drive.google.com/file/d/13bgxrQcwcnQQImXunVuD8o29jcAHvvwR/view

Искористете ја оваа фантастична можност да ги развиете вашите лидерски вештини и да
придонесете за одржливи промени во вашата заедница!
Дополнителни информации за проектот UP2YOU се достапни на:
https://www.up2youerasmus.com/

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ЕРАЗМУС+

Ве покануваме на Информативна сесија за Еразмус+, една од најпозитивните програми на Европската Унија, наменета за млади.

На информативната сесија претставниците од училиштата преку стручни служби, професори и ученици, ќе ги дознаат сите можности и продобивки за млади лица што ги нуди Еразмус+. На сите прашања за можностите ќе одговорат претставниците од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност која директно раководи со Програмата.
Информативната сесија ќе се одржи во вторник, на 15ти октомври, од 11:00 часот, во Младински Центар Охрид, во времетрање од еден час.
Ве очекуваме