Author: MC Ohrid

3 години Младински Центар Охрид

Со големо задоволство ве покануваме да ни се придружите на одбележувањето на 3 години од отворањето на Младински Центар Охрид!

Во изминатите три години, МЦО стана простор каде младите учат, создаваат, се дружат и ја обликуваат својата иднина. На овој мини-настан ќе направиме краток осврт на најзначајните моменти, активности и соработки – заедно со нашите партнери, волонтери и пријатели.

Настанот ќе биде збогатен со музички дел и пригоден коктел, за да го прославиме овој мал, но значаен јубилеј. Секако ќе имаТ и торта.

Идајте да славиме 3 години младинска енергија, креативност и заедништво!

Оглас за вработување техничар за одржување на машини во производство

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО – 2 КАНДИДАТИ

Главни задачи и одговорности:

  • Инсталирање и сервисирање на опрема за производство според дадени инструкции
  • Пронаоѓање и отстранување на дефекти на машини
  • Го обезбедува функционирањето и усогласувањето на производствениот процес
  • Ги лоцира и пријавува слабите точки
  • Ги одредува причините за дефектите, застојот на едноставна опрема со механички, хидраулични, пневматски, електрични, компоненети
  • По потреба поддршка на тимот за одржување на објектот во делот со инсталации • Активна комуникација со другите оддели

Квалификации на кандидатите:

  • Минимум завршено средно електро или машинско техничко образование
  • Познавање на Eлектротехника, Електроника и Механика
  • Основно разбирање електротехнички шеми и технички цртежи
  • Познавање и способност за користење на рачен алат
  • Способност за самостојна работа, тимска соработка и работa под притисок
  • Прецизност, работливост и флексибилност
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Со или без работно искуство
  • Претходно искуство со работа на поправка и одржување на машини ќе се смета за предност
  • Компјутерски вештини.

Конкурентски предности:

  • Желба за работа во средина со високи барања,
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

Бенефиции:

  • Исплата на регрес и минат труд
  • Личен раст и кариерен развој
  • Исплата на месечен бонус за остварени резултати
  • Амбициозна работна атмосфера каде можете да ги споделите Вашите идеи,
  • Обезбедена ХТЗ опрема, чиста и безбедна работна средина.
  • Новогодишен подарок за секој вработен;
  • Организиран превоз или покриени патни трошоци
  • Работно време: во две  смени.​

Пријавување до: 15. 10. 2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување продажен асистент

Спорт Висион  има потреба од продажен асистент.

Доколку сте:
  • Енергични
  • Комуникативни
  • Лојални
  • Амбициозни
  • Љубопитни
Услови:
  • ССС/ВСС
  • Со или без работно искуство
  • Англиски јазик – мин. А1 ниво
  • Познавање на MS Office пакет
Нудиме:
  • Основна плата + бонуси
  • Полно работно време
  • Тимска работа
  • Професионален развој, континуирани обуки и напредок
  • Бенефиции при купување
Работни задачи:
  • Услуга на потрошувачи во продажен салон
  • Прием и изложување на роба според стандардите на компанијата
  • Организација и средување на магацински простор
  • Други работни задачи поврзани со секојдневното функционирање.

Пријавување до: 24. 09. 2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување Возач со Б категорија

Ecospar има потреба од возач со Б категорија.

Квалификации:

  • Завршено средно образование.
  • Поседување на Б категорија.
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;​
  • Работна навика,одговорност, деловност и доверливост, способност за самостојна и тимска работа.​

Бенефиции:

  • Добра работна средина, стабилна и редовна плата,
  • колективен одмор,
  • исплата на К-15,
  • напредување и наградување во работењето.

Пријавување до: 10. 10. 2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување монтер – Ecospar

Ecospar има потреба од монтер.

Квалификации:

  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;​
  • Работна навика,одговорност, деловност и доверливост, способност за самостојна и тимска работа.​

Бенефиции:

  • Добра работна средина, стабилна и редовна плата,
  • колективен одмор,
  • исплата на К-15,
  • напредување и наградување во работењето.

Пријавување до: 10. 10. 2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување на Сервисер на машини за инјектирање на пластика

НЕОФИТОН има потреба од СЕРВИСЕР на машини за инјектирање на пластика.

Времетраење на договорот: на неопределено време
Регион: Скопје/Охрид
​Тип на работа Сектор : Mechanical Engineering and Naval Architecture

Задачи:

  • Пуштање во работа на машини за обликување со пластично вбризгување и соодветна опрема (хидраулична и електронска PLC)
  • Одржување и сервисирање на индустриска опрема (дијагностицирање на грешки, поправка и замена на опремата)
  • Инсталација на централни системи за снабдување
  • Замена и инсталација на резервни делови
  • Подготвеност за теренска работа во земјата и странство
  • Индивидуална и тимска работа

Потребни квалификации:

  • Завршено ССС;
  • Минимум 3 години претходното работно искуство – задолжително искуство во индустриско одржување;
  • Познавање на механика, хидраулика, пневматика;
  • Солидно познавање на англиски или германски јазик
  • Читање на електрични и хидраулични шеми;
  • Компјутерски вештини
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија;
  • Професионална, вредна и одговорна личност;
  • Одговорно извршување на работните обврски во зададените рокови;
  • Лојалност, комуникативност и флексибилност за работа;
  • Способност за индивидуална и тимска работа.
Бенефиции:
  • Работно време: 08.00-16.00 часот, од понеделник до петок;
  • По пробниот период, ќе има 2 месеци образование во Австрија – Сертификат ENGEL
  • Годишен одмор согласно ЗРО;
  • Додатоци на основната плата согласно ЗРО;
  • Конкурентна плата;
  • Службено возило, Телефон, PC – Lap Top.

Пријавување до: 16. 10. 2025.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување мерчендајзер/ка – Охрид-Струга

Монтенегро ДОО објавува оглас за вработување на:
Мерчендајзер/ка за реон Охрид – Струга
(Унапредувач на продажба)
Работни задачи:
  • Позиционирање на артикли на продажни рафтови
  • Следење на продажба во продажни објекти
  • Информирање за обртот на артиклите и волуменот на продажба на истите
  • Спречување залиха на артикли кои не се обртни
  • Сугестија за дополнителни приоритетни нарачки
  • Известување за тековни проблеми при позиционирање на одредени артикли или нарушени позиции
  • Следење на артикли (декларации, рокови, оштетување на роба)
  • Поставување и следење на акциски банери за одредени артикли (акциски)
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
  • Претходно работно искуство не е задолжително
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Пожелно познавање на компјутерски вештини (word, excel)
  • Фокусираност на зададените задачи
  • Лојалност и комуникативност
  • Можност за самостојна и тимска работа
  • Презентациски вештини
  • Трпеливост и упорност
Бенефиции:
  • Редовни месечни примања кои можат да прогресираат во зависност од перформансите и работната успешност + дополнителни стимулации
  • Службен мобилен телефон и службено моторно возило со право на користење во работното време за извршување на работните обврски и одговорности како и за приватни цели по завршување на работниот ден
  • Регрес за годишен одмор
  • Најмалку 20 дена годишен одмор
  • Пакет производи за роденден
  • Ваучер за новороденче
  • Бонуси за лојални вработени
  • Пакет производи за Нова година
  • Можност за професионален развој

Пријавување до: 01. 10. 2025.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување фармацевтски техничар

Зегин ДОО има потреба од Фармацевтски техничар со уверение, во Охрид.

Потребни квалификации:

  • ССС – Фармацевтски техничар
  • Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
  • Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office

Посакувани карактеристики:

  • Способност за брзо учење
  • Развиени комуникациски вештини
  • Стручност и елоквентост
  • Диманичност и креативност
  • Организираност, самоиницијативност

Бенефиции:

  • БОНУС ЗА ДОБРЕДОЈДЕ 35 000 ДЕНАРИ,
  • Солидна плата по договор
  • Стимулативен варијабилен дел во зависност од остварувањата
  • Програма за препораки „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“
  • Бенефити за вработени
  • Протокол за грижа на здравјето – “Здравјето на вработените е наш приоритет”
  • Програма за кариерен развој
  • Учество на различни настани: саеми, конференци и обуки
  • Можност за професионален развој и надоградба.

Пријавување до: 03. 10. 2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Оглас за вработување координатор на производство

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование.
  • Претходно работно искуство на сродна позиција се смета за предност.

Главни задачи и одговорности:

  • Организација на работни активности.
  • Навремена реализација на план за работа.
  • Одговорен за контрола на квалитет и квантитет на процесите на производство и учествува во истите.
  • Одговорен за контрола за одржување на хигиена во Производство.
  • Одговорен за поднесување извештаи, информации и анализи за производство до непосреден претпоставен.
  • Контактира со соодветните одговорни лица за магацини, контрола на квалитет, набавка, продажба.
  • Следење на контролни планови.
  • Активно учество во составувањето на месечни извештаи за управување.
  • Обезбедува дисциплина во производство.
  • Водење документација.

Личен профил:

  • Способност за тимска работа.
  • Организираност и ефикасност.
  • Способност да внимава на детали.
  • Докажани способности за водење документација.
  • Следење на интерните правила и процедури.
  • Самоиницијативност и подготвеност за учење и кариерен развој.

Ние нудиме:

  • Конкурентна плата.
  • Работа во една смена (понеделник-сабота)
  • Можности за брзо унапредување.
  • Позитивна и динамична работна атмосфера.
  • Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности.
  • Професионален предизвик во домашна, семејна и стабилна извозна компанија со континуиран развој.

Пријава до: 02. 10. 2025 година.

Повеќе информации на следниот линк.

 

Оглас за вработување Работник за подготовка на средства

Andros Farm е компанија чиј основната дејност е производство на средства за кујнска хемија и козметика. Своите почетоци ги бележи во 1997 година и денес е еден од најголемите капацитети на Балканот за производство на кујнска хемија.

Andros Farm има потреба од работник на работна позиција подготовка на суровини за средства.

Потребни квалификации

  • ССС

  • Способност за работа во тим

  • Исполнителност, педантност, посветеност.

Пријавување до: 27.09.2025 година.

Повеќе  информации на следниот линк.