Инфо за Млади
9

Повик за учество на обука за обучувачи (ToT) за писменост за вештачка интелигенција во образованието на возрасни

Во рамки на проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“, Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ објави повик за учесници на обука за обучувачи (Training of Trainers – ToT), наменета за обучувачи и едукатори кои работат во областа на образованието за возрасни и се заинтересирани да ги унапредат своите знаења и вештини за вештачка интелигенција, како и да ги интегрираат во својата работа со возрасни ученици.

Обуката за обучувачи се состои од две меѓусебно поврзани фази:

ФАЗА 1 – ПОЧЕТЕН КУРС со фокус на зајакнување на капацитетите на учесниците за користење на развиениот курикулум и пакетот со алатки за писменост во областа на вештачка интелигенција во нивната сопствена работа.

ФАЗА 2 – КОНСОЛИДАЦИСКИ КУРС -рефлексија на практичната примена на курикулумот и пакетот со алатки, споделување искуства и зајакнување на вештините.

Рок за аплицирање: 3 јуни 2026 година

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави