FEDS – Telescopic Slides & Linear Rails има потреба од :
Машински Инженер – Product Development & Engineering
За позицијата
Бараме високо мотивиран и технички ориентиран машински инженер кој ќе биде дел од инжинерскиот и развоен тим на компанијата, со активно учество во:
развој на нови производи, машински конструкции, инженерски пресметки, FEA анализи, оптимизација на механички системи, како и подготовка на техничка документација за сериско производство.
Кандидатот ќе работи во професионална инженерска средина со современи CNC технологии, 3D CAD системи и интернационални индустриски проекти.
Потребни квалификации
- Завршено високо образование – Машински факултет
- Одлично познавање на машинство и машински конструкции
- Активно познавање и користење на:
- SolidWorks
- AutoCAD
- Познавање на:
- 3D моделирање
- техничка документација
- производствени процеси
- толеранции и машински елементи
- Познавање и/или искуство со:
- FEA (Finite Element Analysis)
- инженерски симулации
- механички пресметки
- Познавање на англиски јазик
- Способност за аналитичко и инженерско размислување
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
Работни задачи
- Развој и конструкција на нови механички системи и производи
- Изработка на 2D и 3D техничка документација
- Подготовка на производствена документација и технички спецификации
- Изработка и анализа на FEA симулации
- Инженерски пресметки и оптимизација на производи
- Техничка координација со производство и CNC оддел
- Учество во R&D и development проекти
- Следење и подобрување на техничките и производствените процеси
- Поддршка при тестирање и верификација на производи
Ние нудиме
- Работа во професионална и технолошки напредна инженерска компанија
- Учество во развој на високопрецизни механички системи
- Работа на интернационални OEM и индустриски проекти
- Можност за професионален и технички развој
- Работа со современи инженерски и CNC технологии
- Стабилна и професионална работна средина
- Можност за долгорочен кариерен развој
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати може да достават:
- CV / кратка биографија
- Контакт телефон
Пријавување до: 07.06.2026
Повеќе информации на следниот линк.









