Инфо за Млади
6

Јавен повик за поднесување концепти за стручни статии за седмото издание на „Правен фокус”

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува ЈАВЕН ПОВИК за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии за седмото издание од списанието “Правен фокус”.

Седмото издание на списанието „Правен фокус“ ќе биде на теми поврзани со дигиталните права и влијанието на новите технологии врз заштитата на човековите права, со фокус на актуелни правни прашања и новонастанатите предизвици во дигиталната сфера.

За избраните кандидати предвиден е надомест во бруто износ од вкупно 12.000 денари.

Секој млад правник кој ги исполнува утврдените критериуми има право да аплицира на овој јавен повик,

најдоцна до 10.06.2026 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави