Датум: 8, 9 и 10 мај 2026
Ова е шеста по ред реализација на годишната еко акција Генералка викенд. Локалните акции за чистење се организирани и координирани директно од општините во соработка со Црвениот крст. Генералка Викенд е волонтерска акција и волонтерите се одговорни за сопствената безбедност.
Мен енд Маунтен и тимот на Генералка Викенд им посакува на сите волонтери радосно и успешно време за времетраењето на најголемата акција за чистење отпад во историјата на Македонија, Генералка Викенд.
ГЛАВНИ АКЦИИ И ЛОКАЦИИ
1. НИЗ ДРЖАВАТА: акции во 80 општини на над 600 локации во исто време.
2. ШАР ПЛАНИНА (с. Бродец): Специјализирано чистење на нелегално ѓубриште во Националниот парк. Учествуваат 20 припадници на вооружените сили на РСМ, рејнџерите на Националниот парк, тимот од компанијата Саубермахер и локални жители.
3. ОХРИД (Конгресен центар): Заштита на езерскиот брег во соработка со УКИМ (студенти и професори), Сороптимист Интернационал и Сороптимист Мома Охрид.
4. СКОПЈЕ (Официјално отворање): Голема акција за чистење на Кејот на Вардар (на потегот од Влае до Ново Лисиче). Оваа масовна акција е предводена од Град Скопје, кој со здружени сили со ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, мобилизира над волонтери од приватни компании и инатитуции за уредување на најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.
Повеќе информации на следниот линк.










