Енхелеус Лихнид

За организацијата

Здружение за заштита на природното и националното богатство “ЕНХЕЛЕУС-ЛИХНИД” од Охрид е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој во на територијата на Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.Неформално, здружението е основано во 2018 година а официјализирано е во 2021 година.
Наши цели и мисија
Нашата мисија е заштита на природното и националното богатство во Охрид и охридско,организирање на еколошки акции со цел поубав и почист Охрид.Акциите се изведуваат минимум 2 пати во месецот со кои се подигнува свеста кај обичниот граѓанин и мотивира за и тој да се приклучи кон Еко-активностите.Преку хуманитарните акции кои ги организираме, нашата мисија е сплотоување на сите граѓани за унапредување и подобрување на климата за решавање на проблемите во општеството заеднички.Сите акции кои се преземаат од страна на нашето Здружение се со љубов према природата и за зачувување на истата,која во нашиот мил Охрид е во изобилие.
  • 078 334 847

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави