Инфо за Млади
27

Повик за новинарки и активистки: Заедно креирајте приказни од вашата заедница!

НВО Инфоцентар објавува повик за пријавување тимови составени од една новинарка и една граѓанска активистка, за учество во проектот „Родово сензитивно новинарство за локален медиумски плурализам (РЕМ)“.

ШТО ВКЛУЧУВА УЧЕСТВОТО? Избраните тимови ќе имаат обврска да учествуваат на онлајн обука за родова еднаквост и родово сензитивно известување; тимски да подготват родово сензитивна содржина релевантна за нивната заедница; ја објават подготвената содржина во медиумот од кој доаѓа новинарката; работат со менторска поддршка во текот на процесот на подготовка на содржината и реализираат информативно-едукативна сесија за родова еднаквост и родово сензитивно известување во медиумот во кој работи новинарката.

ШТО ОБЕЗБЕДУВА ПРОЕКТОТ? Стручна обука, континуирана менторска поддршка и паричен надомест (хонорар) за секоја членка на тимовите.

Рок за пријавување: 25 април 2026 година

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави