Инфо за Млади
6

Јавен повик за пријава за учество во програма за практикантска работа

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА.

Целта на Програмата за практикантска работа (Програмата) е да придонесе кон континуирана едукација и градење на капацитетите на младите правници преку унапредување на нивните практични правни вештини и знаења во областа на човековите права, еднаквоста и дигиталните права.

Секој кандидат треба да ги исполнува следните услови:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права и дигиталните права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци во период од 13ти април до 13ти јули 2026 година.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар за пријавување на електронската адреса [email protected] или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје.

Пријавување до: 05.04.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави