Инфо за Млади
13

Студентска пракса во МИКРОСАМ

За Микросам:

Микросам е светски-признат лидер во производство на Роботски и CNC машини за композитни производи (carbon fiber, glass fiber, etc.). Во 35-години Микросам има инсталирано над 370 производни линии во повеќе од 45 земји во светот, како Германија, САД, Русија, Јапонија, Кина, Индија, Израел и Кореа. Глобалните клиенти се водечки во авионска, вселенска, автомобилска, одбранбена и други индустрии, како и врвни истражувачки центри за модерни композити.  Заедно со Институтот за Современи Композити и Роботика имаме напредна лабораторија и правиме заеднички развој со бројни компании кои се лидери во примена на композити во светот. Дознајте повеќе на www.mikrosam.com

 

Квалификации и компетенции:

  • Најмалку завршена втора година на некој од Техничките факултети
  • Задолжително познавање на англиски јазик (познавање на друг јазик ќе се смета за предност)
  • Способност за работа во тим
  • Силни аналитички и организациски вештини
  • Способност за прилагодување кон брза и динамича работна средина

 

Што нудиме?

  • Платена пракса во времетраење од 2 месеци
  • Работа со искусен ментор
  • Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија
  • Континуиран процес на учење преку работа на проекти
  • Одлични услови за работа во креативна средина
  • Можност за личен и професионален развој и зголемување на работното портфолио
  • Можност за вработување на најдобрите практиканти
  • Организиран превоз и храна
  • Надоместок на трошоци за сместување

Праксата се обавува во канцелариите на Микросам во Прилеп.

 

Пријавување до: 20.06.2026

Повеќе информации на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави