#YOUthcanbeHeard: Национална Работилница за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки.
Коалиција на младински организации СЕГА организира Национална Работилница за креирање на Позициски документ со препораки за унапредување на младинското учество во процесите на донесување одлуки.
На работилницата значаен придонес даде Тимот на МЦО, кој заеднички со група на младинци креираа позициски документ со препораки за унапредување на младинско учество во процесите на донесување на одлуки кој ќе се проследи до надлежните институции за да постапуваат по предвидените препораки.
Работилницата се одржa во хотел Амбиент – Струга, во периодот од 21 – 23 октомври 2022 година, а се спроведува како дел од на проектот „Младите може да бидат слушнати”, поддржан од Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилност, преку Програмата ЕРАЗМУС +.
Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.