Културолошка Иницијатива 5 до 12

  • Културолошка Иницијатива 5 до 12 е проект започнат од страна на млади индивидуалци под капата на Здружението на граѓани НАТГ „Аматер“.
  • Наредната година здружението слави јубилеј од 10 години постоење и за тоа време има остварено:
    • 6 аматерски театарски претстави; 
    • Активно учество на реномираните државни фестивали како „Охридско лето“, „Поетска ноќ во Велестово“ итн.
    • Повеќе литературни промоции;
    • Изминатите 4 години успешна реализација на проектот „Културолошка иницијатива 5 до 12“ во Охрид.
    • 3 сезони на охридскиот подкаст „Имам нешто да ти кажам“ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ:
    • Подигнување на културната свест во градот Охрид;
    • Промоција на млади артисти, аматери и создавање платформа преку која ќе се изразуваат;
    • Охрид да стане европски град на културата, урбаната уметност и спортот;
    • Збогатување на културната програма која градот ја нуди во летниот период и придонес домашните и странските гости да се запознаат со природното и културно наследство на Охрид;
    • Мултиетничка интеграција, кохезија и социјализирање преку културните настани кои ќе значат ослободување од стегите и стереотипите на едно заглавено, летаргично и табу општество какво што е нашето;

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави