Волонтерите на Младински Центар остварија успех на Ohrid Water Festival

На 22 август 2023, во рамки на четвртиот ден од Ohrid Water Festival, се одржаа СУП трките за деца, млади и возрасни организирани од SUP Club Ohrid.

На истата учествуваа нашите волонтери Марија Жилеска и Стефан Бушиноски. Стефан  се натпреваруваше во кетегоријата млади од 16-21 година и освои 1 место. Марија беше дел од првата група каде го освои 4 место.

Трките се реализираа во 3 категории и тоа – спринт трки на 500 метри:

  1. Првата трка за деца од 10 – 15 години (Палас – хотел SU)
  2. Втората трка за млади од 16 – 21 година (Палас – хотел SU)
  3. Рекреативно веслање предвиденo за сите учесници над 21 година (Палас – Канео – Палас)

Одлично поминат ден исполнет со забава и авантура на вода ! Овој настан беше совршена прилика младите да ги покажат своите вештини и да се дружат и уживаат на вода.