Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид

Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ве канат на трибина насловена „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид“. Трибината ќе се одржи на 05.05.2023 со почеток од 12 часот во Младински Центар Охрид
Целта на трибината е да го промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација помеѓу граѓаните на општина Охрид за да се зголеми бројот на пријави на дискриминација од страна на локалното население и да се придонесе кон поеднакво и поправедно општетсво без дискриминација. На трибината ќе се разговара за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација. Понатаму, ќе се разговара за проблемите со дискриминација со кои се соочуваат маргинализираните групи граѓани.
Оваа трибина е прва активност во општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас.
Агенда:
12.00 – 12.15 Воведен говор и осврт кон потребата од унапредување на едкавноста на граѓаните и кон мерките кои ги презема општината- г-дин Кирил Пецаков, Градоначалник на Општина Охрид
12.15 – 12.40 Претставување на работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – г-дин Исмаил Камбери, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
12.40 – 13.00 Состојбите со еднаквост и недискриминација на маргинализираните заедници во општина Охрид – Јулијана Настоска Петреска (социјална работничка, Опција Охрид) и Марјан Шикалески (адвокат, Опција Охрид)
13.00 – 13.30 Дискусија
– Коктел
Модераторка: г-ѓа Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација
You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: