На 15 февруари, продолживме со едукативните работилници за „Потребите и предизвиците на средношколците“, овој пат во гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
Целта на оваа работилница беше да се лоцираат предизвиците и ставовите на средношколците во однос на подобрување на нивните услови и можности како млади, за потоа да се формулираат конкретни решенија за подобрување на положбата на средношколците во Општина Охрид.
На работилницата се дискутираше и за Законот за средно образование, начинот на функционирање на младинските заедници, Законот за младинско учество и младински политики како и за функцијата на дете правобранител.
Според акциониот план на центарот оваа работилница е втора од предвидените четири, каде на крајот ќе се добие целосна слика за тоа со кои предизвици се соочуваат средношколците во Охрид, кои се нивните приоритетни протреби и какви решенија се најдобри според нив.