Медиа КлубМЦО ПРАЈТ
122

Предавање за основите на фотографијата

На последната средба на Медија Клубот во Младински Центар Охрид имавме можност да се запознаеме со основите на фотографијата, водени од професионалната фотографка Анамарија Момироска, дел од тимот на OhridNews.

Во првиот дел од сесијата, Анамарија нè воведе во важни принципи на фотографирање – како кадрирање, концептот на третини, избор на композиција и фокус, и ни покажа дел од своето фотографско портфолио.

✨ Потоа, членовите на клубот имаа можност самите да фотографираат и да се запознаат одблизу со работата со фотоапарат, експериментирајќи со различни објекти и сцени. Разговаравме и за тоа како светлината, боите и аголот влијаат на емоцијата и пораката на една фотографија.

Остануваме инспирирани и со уште повеќе желба да откриваме нови медиумски вештини!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави