Млади од Косово во посета на МЦО
[vc_row][vc_column][vc_column_text]
На 23 јуни во посета на Младински Центар Охрид беа млади од Косово, претставници на НВО, претставници на политички подмладоци како и млади вработени во јавните институции кои работат во секторите за млади и спорт.

Целта на оваа посета беше споделување на добри практики, начинот на функционирање на Центарот и размена на ставови на повеќе теми: млади, младински форуми, институционална поддршка, инклузија на младите и можност за соработка.

На покана на МЦО на дискусијата присуствуваа и новите претставници на Локалниот совет на млади при Општина Охрид со цел вмрежување со младите од Косово.

Исто така на дискусијата присуствуваше и претставник од Одделението за Млади и невладини од Општина Охрид
[/vc_column_text][us_image_slider ids=”12087,12075,12076,12074,12081,12073,12077,12078,12084,12079,12082,12080,12085,12083,12086″ nav=”thumbs” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]