МЦО ПРАЈТ
428

Едукативна работилница за потребите и предизвиците на средношколците

На 09 февруари 2024 година, младинските работници Јован Цветскоки и Иво Ристески одржаа едукативна работилница за „Потребите и предизвиците на средношколците“, во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.

Целта на оваа работилница беше да се приберат мислењата и ставовите на средношколците во однос на подобрување на функцијата на сите засегнати страни, за потоа да се формулираат конкретни решенија за подобрување на положбата на средношколците во Општина Охрид.

На работилницата се дискутираше за тоа колку средношколците се запознаени со Законот за средно образование, начинот на функционирање на младинските заедници, Законот за младинско учество и младински политики, кои се предизвиците со кои се соочуваат средношколците, кои потреби произлегуваат од истите, за на крај да се предвидат решенијата.

 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави