Category: ОХРИД СЕГА

Филмска проекција во МЦО

Филмска вечер во Младински Центар Охрид!
Овој четврток (30.10.2025) од 20:00 часот ве покануваме на проекцијата на „Ready or Not“ – црна комедија исполнета со напнатост, ироничен хумор и неочекувани пресврти.
 Влез: БЕСПЛАТЕН
Локација: Младински Центар Охрид
Дојдете со друштво, земете пуканки и уживајте во филмска вечер каква што заслужувате!

22ри септември – Светски ден без автомобили! – Охрид Без Автомобили

Младински Центар Охрид со акција по повод Светскиот ден без автомобили – 22ри септември

По повод 22ри септември – Светскиот ден без автомобили, Младински Центар Охрид ја упатува пораката до охридската јавност да се приклучи на глобалната иницијатива и барем еден ден да се обидеме да живееме без автомобил.

Центарот ги повикува сите млади и граѓани:

  • да избегнат користење автомобил на 22ри септември (доколку се во можност),

  • до училиштата, факултетите или работните места да стигнат пеш, со велосипед, со јавен превоз и слично,

  • да направат фотографија од своето алтернативно патување и да ја споделат на социјалните мрежи со хаштаг #ОхридБезАвтомобили, како и да го тагираат Инстаграм профилот на Центарот @mladinskicentar_opstinaohrid.

Со оваа акција Младински Центар Охрид сака да потсети дека малите промени во секојдневието придонесуваат кон поздрави навики, почист воздух и поодржлива иднина за градот.

СУП & Кајак – Обука за млади

Доколку си млад, љубопитен и подготвен за авантура на езеро – оваа обука е токму за тебе!
Придружи ни се на едукативна и забавна обука каде што ќе научиш:

  • Како безбедно да управуваш со СУП даска и кајак

  • Основи на безбедност при активности на вода

  • Како да ја заштитиш животната средина и убавината на Охридското Езеро

Локација: Плажа Канео, Охрид

Датум и време: 26 јуни 2025 (четврток)
10:00 – 12:00 часот

За кого е наменето:

Млади лица од 13 години и нагоре
(бројот на учесници е ограничен – пријави се навреме!)

Обуката е бесплатна!

Пријави се тука: Формулар за пријава

 Контакт за информации: 078 341 630


👥 Организатори:

SUP Club Ohrid и Младински Центар Охрид

ВАУЧЕРИ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ЗА МЛАДИ ДО 29 ГОДИНИ!

Општина Охрид во соработка со Бисер Импорт Охрид, а имплементатори Младински Центар Охрид и Локален Младински Совет

 

Млад си и сакаш нов велосипед? Сега е вистинскиот момент!
Благодарение на донацијата од фирмата Бисер Импорт Охрид, во соработка со Општина Охрид, Младински Центар Охрид и Локалниот младински совет, обезбедени се 575 ваучери за велосипеди во различни вредности.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
  • Сите млади до 29 години
  • За малолетни лица, пријавата ја пополнува родител или старател

ВИДОВИ НА ВАУЧЕРИ:
  • 🚲 150 ваучери од 1.000 ден. – за велосипеди до 5.000 ден.
  • 🚲 150 ваучери од 1.500 ден. – за велосипеди од 5.000 до 7.999 ден.
  • 🚲 150 ваучери од 2.000 ден. – за велосипеди од 8.000 до 12.000 ден.
  • 🚲 100 ваучери од 3.000 ден. – за велосипеди над 12.000 ден.
  • ⚡ 25 ваучери од 7.000 ден. – за електрични велосипеди

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
  • Пријавувањето трае до 1ви мај 2025 година или до исцрпување на ваучерите.
  • Доделувањето е по принципот: „Прв дојден – прв услужен.“
  • Апликацијата е електронска и автоматски се затвора кога ќе се пополнат сите ваучери во соодветната категорија.

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО:
  • Апликантите мора да бидат жители на Општина Охрид
  • Секој апликант може да добие само еден ваучер
  • Ваучерите не можат да се пренесуваат на други лица
  • Да бидат на возраст до 29 години

Ваучерите се подигаат лично во просториите на Бисер Импорт, ул. Егејска бр. 4, Охрид.
За повеќе информации: 070/391-183

📝 ПРИЈАВИ СЕ ОНЛАЈН:

линк од пријавата: ПРИЈАВИ СЕ ТУКА!

Со пополнување на апликацијата, апликантите даваат согласност нивните лични податоци да бидат собрани, обработени и користени само за потребите на овој повик, согласно Законот за заштита на лични податоци.

🚲 Вози кон поздрава, позелена и поактивна иднина – аплицирај денес!

Панел-дискусија по повод Светскиот ден на театарот

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 27 март 2025 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид, се одржа панел-дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.
Настанот, организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид, беше одлична можност за сите вљубеници во театарот, да се запознаат поблиску со процесот на создавање театарска претстава и да ја продлабочат свеста за значењето на театарот во општеството.
 Вечерта започна со читање на овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, по што дел од ансамблот на Охридскиот театар споделија свои искуства и размислувања за процесот на создавање претстава.
Поради помалиот број учесници, настанот доби формат на интимен и неформален roundtable разговор, кој овозможи подлабока и поблиска дискусија меѓу присутните. Атмосферата беше топла и инспиративна, а учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да разменат мислења со актерите.
Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа вечер посветена на магијата на сцената!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15131,15132,15133,15134,15135,15136,15137,15138,15129″][/vc_column][/vc_row]

Светски ден на театарот | Панел дискусија со охридските актери

Утре, 27. 03. 2025 година, по повод Светскиот ден на театарот со почеток од 20 часот на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи панел дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.

Како вовед во панелот ќе се прочитаат овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, потоа на темата ќе говорат дел од ансамблот на Охридскиот театар, а за крај е предвидена и дискусија со присутните.

Настанот кој што е организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид првенствено е наменет за младата публика (средношколци и студенти), но добредојдени се и сите оние љубители на театарот кои имаат желба да присуствуваат.

Влезот е бесплатен!

Job shadowing во Охрид

[vc_row columns=”1″][vc_column][vc_column_text]

Во периодот од 19 февруари до 2 март 2025, 20 млади од Кастамону, Турција, беа дел од програмата Mobility of Youth Workers: Green Practices Job Shadowing Activity во Охрид.

Низ две недели активности, тие се запознаа со локалните иницијативи за заштита на природата, одржлив туризам и еколошки практики.

Клучни моменти:

  • Посети на Младинскиот Центар Охрид, Хидробиолошкиот институт, ЈП Комуналец, Планинска спасителна служба, сектор за Животна средина во Општина Охрид, Екоцентар во Белчишта
  •  Работилници и средби со Biodiversity for Everybody, SUP Club Ohrid, Екотуризам Охрид и чистење на бршлен со активисти
  • Истражување на стариот дел од градот и културното наследство со проф. Климент Наумов
  • Планинарење и теренски истражувања во Галичица, Велестово и Белчишта.
  • Презентации на Ohrid Ultra Trail Marathon и Trash Pinger
  • Walk for Rare – поддршка за лицата со Ретки болести

Оваа размена беше одлична можност за младите да стекнат знаење, да разменат искуства и да создадат нови идеи за одржливи еколошки практики во нивните заедници!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15038,15037,15036,15035,15034,15033,15032,15031″][/vc_column][/vc_row]

ВАСИЛ ХАЏИМАНОВ БЕНД СО НОВ КОНЦЕРТ ВО JAZZ INN!

Со огромно задоволство ја споделуваме веста дека Васил Хаџиманов Бенд ќе настапат во легендарниот џез клуб Jazz Inn во Охрид!

Васил Хаџиманов, мајстор на уникатното комбинирање на балканските традиционални ритми со современите џез, фанк, рок и прогресивни стилови, доаѓа со својот квинтет за ексклузивен клубски концерт кој ветува незаборавна вечер.

👉 Состав на бендот:
🎷 Растко Обрадовиќ – саксофон
🎸 Мирослав Товирац – бас
🥁 Виктор Филиповски – тапани
🥁 Ратко Даутовски – перкусии

📅 Датум: 16 март 2025 (недела)
Време: 21:30
📍 Локација: Jazz Inn, Охрид

🎟 Влезници:

  • 1000 денари (до 9 март)
  • 1200 денари (од 10 март)
    Бројот на влезници е ограничен.

📌 Резервации и карти:
Карти се достапни со претходна резервација на телефон 078 201 491.

Не пропуштајте вечер исполнета со врвна музика и извонредна атмосфера во Jazz Inn! 🙌

Еко пазар во Младински Центар Охрид оваа сабота

Училишта без пластика заедно со Младински Центар Охрид ви го претставуваат првиот (од се надеваме многуте) Еко пазар, место за продажба на стара и зачувана облека, играчки, книги, слики и сл.

Еко пазарот ќе даде можност да ги продадете своите стари алишта и предмети на оној којшто вистински сака да ги поседува наспроти носењето вреќи алишта онаму кадешто можеби не се потребни коишто потоа завршуваат по ѓубриштата. Ќе даде можност да ја тргнеме стигмата во врска со користењето алишта и предмети на втора рака. Ќе даде можност да се дружиме и да развиваме нови навики и светогледи во однос на начинот на којшто купуваме алишта и други предмети и како можеме да делуваме активно кон создавање на поздрава животна средина негувајќи ги принципите на реупотребата и т.н. бавна мода.

Вашето присуство најавете го на линкот за да може да обезбедиме тезга за вашите производи. Ве молам алиштата коишто ќе ги донесете да бидат чисти и уредно спакувани, а предметите или книги, играчки да бидат зачувани.

Собраните средства ќе се донираат за втора шанса за Александар!

„Премотај и почни одново“ – Театарска претстава на младите од МЦО повторно пред охриѓани

„Премотај и почни одново“ е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.

Изведба: Сабота, 14.12.2024 во 20:00ч
Место: НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид / мала сцена
Влез: 150 МКД
Резервации во порака или на тел бр: 078 413 946

МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!

Продукција: Младински Центар Охрид

Сценарио и режија: Јован Цветкоски

ИГРААТ: Лука Доленц, Дафина Дејкоска, Сара Петкоска, Марио Ѓорески, Ивона Тасеска, Лија Камбер, Борче Исакоски, Исидора Митревска, Лора Јонческа, Лина Јоноска, Теона Талевска

Оваа драма не е само уште едно сценарио што го избравме случајно. Тоа е огледало што ги одразува проблемите што ги мачат нашите училишта и заедници. И затоа избравме да ја оживееме оваа претстава. Не само за забава, туку и за едукација. Ние веруваме дека театарот има моќ да поттикне разговори, да направи промени. Со влегувањето во чевлите на овие ликови, се надеваме дека ќе фрлиме светлина врз темнината што нè опкружува. Сакаме да ја предизвикаме стигмата. Да ги срушиме бариерите кои нè спречуваат да подадеме рака, да бараме помош. Но заедно, преку уметност и емпатија, можеме да направиме разлика.