Category: МЦО ПРАЈТ

Летна школа за гитара во МЦО | Недела на млади 2024

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Како дел од настанот „Недела на млади“ кој ќе се одржи од 12 до 16 август во Младински Центар Охрид, предвидена е летна школа за гитара за сите млади кои имаат желба да ги научат основите на свирење на инструментот или да ги подобрат своите веќе стекнати вештини.

Летната Школа за гитара ќе биде под менторство на дипломираниот гитарист и наставник по музичко образование во ООУ „Кочо Рацин“ – Игор Стефановски и ќе се одржи во просториите на Младинскиот Центар Охрид со почеток во 11:00 часот, од 12 до 16ти август.

Пополнете ја пријавата подолу во објавата за да го резервирате вашето место најдоцна до 09.08.2024. Местата се ограничени!

Летната школа е БЕСПЛАТНА, а учесниците по исполнувањето на дневното присуство ќе се здобијат со сертификат.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Креативна Летна Школа – Посета на Работилница за Рачна Изработка на Хартија

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

 Работилница за Рачна Изработка на Хартија – Paper Museum, лоцирана во стариот дел на Охрид.
 Организирана посета од страна на Младински Центар Охрид во склоп на Креативен Клуб и Програма за Креативна Летна Школа.
 Учесниците имаа можност да ја разгледаат работилницата и изработките, но и да поразговараат со лице кое зборуваше за историјата на оваа работилница, но и за процесот за изработка на хартија.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14406,14407,14408,14409,14410,14411,14412,14413,14414,14415″][/vc_column][/vc_row]

Националната Кампања продолжува со промоција на Младински Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Националната Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжува со промоција на другиот младински центар и првиот на ниво на Македонија кој се отворил во 2018 година во Гостивар.
Младински Центар – Фондација Младински Ресурсен Центар – I CAN.
Работи на различни програми за подрршка на личниот раст и развој на младите.
Младинскиот Ресурсен Центар работи 24/7 и во него фигурира тим од тројца младински работници.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14401″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Летна филмска вечер во Младински Центар Охрид

Ги повикуваме сите млади да ни се придружат во Младински Центар Охрид за возбудлива филмска вечер на 24 јули, среда, со почеток во 20:30 часот. 

Ќе го прикажеме срдечниот и добро познат филм „The Perks of Being a Wallflower “,  драма за полнолетство базирана на саканиот роман на Стивен Чбоски. Овој филм не води на потресно патување низ очите на Чарли, срамежлив и интроспективен бруцош во средно училиште. Додека се движи низ комплексноста на пријателството, љубовта и самооткривањето, Чарли наоѓа утеха во неговите нови пријатели, Сем и Патрик, кои го воведуваат во светот на нови искуства и незаборавни моменти.

Без разлика дали сте љубител на книгата или сте нови во приказната, не ја пропуштајте оваа можност да доживеете филм кој прекрасно ги доловува борбите и триумфите на адолесценцијата.

Повикајте ги своите пријатели, донесете грицки и дојдете да уживате во кино и добро друштво.  Филмот ќе се прикажува во конференциската сала при Младинскиот Центар. Влезот ќе биде бесплатен.

Ве очекуваме со нетрпение!

Посета на Работилница за Рачна Изработка на Хартија

На 22.07.2024 година во склоп на Програмата на Креативната Летна Школа, се организира посета на музеј за стара хартија.
Работилницата за рачна изработка на хартија е лоцирана во стариот дел на градот.
Резервирајте си место во инбокс на нашиот фб или инстаграм профил.

Креативна Летна Школа – Рачна Изработка на Накит

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Креативна Летна Школа – Во склоп на програмата на Креативната Летна Школа, денес во просториите на Младински Центар Охрид се реализираше Работилница за Рачна Изработка на Накит.
Учесниците имас можност да изработуваат накит од реупотребливи материјали и монисти, со што и простор за да го изразат својот креативен дух.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14367,14368,14369,14370,14371,14372,14373,14374,14375,14376,14377,14378,14379,14380,14381,14382,14383″][/vc_column][/vc_row]

Младински Центар Охрид со Инфо Ден на Beach Film Festival

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На ден 17.07.2024 година на отварањето на традиционалното издание, 7мо по ред од Beach Film Festival, Младински Центар Охрид ја искористи можноста за да се вклучи со свој Инфо Ден со цел промоција на МЦО, како и програмите кои ги вклучува самото работење.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14354,14355,14356,14357,14358,14359,14360,14361,14362″][/vc_column][/vc_row]

Националната Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжува со промоција за Младинските Центри низ Македонија

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

👉Во склоп на Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжуваме со промоција на центри кои фигурираат во Македонија.
✔️Младински Центар Гостивар – Youth and Community Center – Започна со работа во септември 2008 година.
📽️Работи на различни програми и обезбедува повеќе аспекти за личен раст и развој на младите, и тоа: креативно изразување, клуб за англиски јазик, финансиска едукација, запознавање со политички систем, програма за лидерство, медиумска писменост, волонтерство и развој на младите.
🫂Тимот се состои од сертифицирани младински работници.
🗣️Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14347″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри – Промоција на Младински Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во склоп на Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжуваме со промоција на центрите кои фигурираат во Македонија.
Младински Центар Битола – Започна со работа во 2023 година и истиот функционира преку соработка на три организации: Сфера Интернационал, ИМКА и МКЦ.
Неговото мото е – Место за можности и потенцијали.
Локациран е кај поранешen „Бизнис инкубатор“ во МЗ „Велко Влаховиќ“ на улицата „Крушево“ бр.5 – во центарот на градот.
Секоја организација предложува различни програми и го обезбедува секој аспект од развојот што им е потребен на младите.
Работи на програми за: образовна поддршка, рекреативни активности, ангажирање на младите и неформално образование.
Тимот се состои од сертифицирани младински работници.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14297″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Работилници за Декупаж – РЕ КРЕ АРТ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 01.07 и 02.07 во просториите на Младински Центар Охрид во соработка со Beach Film Festival Ohrid се реализираа две работилници за Декупаж од реупотребливи материјали кои беа едни од низата на РЕ КРЕ АРТ.
*Изработките ќе бидат изложени на Beach Film Festival Ohrid.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14254,14255,14256″][/vc_column][/vc_row]