Category: Креативен Клуб

Есенска креативна работилница 2025

Време е да ја разбудиме креативноста и да ја почувствуваме магијата на есента.
Ќе создадеме нешто убаво, инспирирано од боите и топлината на ова годишно време.

Материјалите се обезбедени – донеси само добра енергија и насмевка.
Ќе има и колачи, чај и какао за вистинска есенска атмосфера.

Работилницата е наменета за млади од 12 до 29 години.

Датум: 31 октомври 2025 (петок)
Време: 14:30 часот
Локација: Младински Центар Охрид

Пријавување: Испрати порака на фб или инстаграм за да се пријавиш.

Креативна Работилница по повод Денот на Мирот

По повод Ден на мирот (21 септември), Младински Центар Охрид организира креативна работилница на ден 18.09.2025 година (четврток), со почеток од 11 часот.

Во чест на Денот на мирот, ќе создадеме креативни и инспиративни изработки кои ќе го одразуваат духот на единство и мир. Заедно да испратиме силна порака за мир во светот.

Приклучи се на ден исполнет со уметност и позитивни вибрации!

📅 Четврток, 18.09.2025
🕑 11:00 часот
📍 Младински Центар Охрид

Пријави се со порака.
Те очекуваме!

Отворен повик за Креативна летна школа 2025

Пријави се на нашата Креативна Летна Школа за деца од 8 до 14 години! 

Дизајнирана за деца на возраст од 8 до 14 години, оваа школа е место каде што малите креативци ги откриваат своите таленти, учат нови техники и ја развиваат својата фантазија преку игра, креација и соработка.
Започнуваме на 25 јуни (среда), со почеток од 11 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.

👉 Што ќе научиме?
-Ќе учиме како да комбинираме бои, форми и материјали за да создадеме магични композиции.
– Ќе експериментираме со различни текстури, рециклирани предмети и иновативни техники.
– Ќе работиме во тим, ќе спојуваме идеи и ќе раскажуваме уметнички приказни.
– Ќе креираме разгледници, рамки, мали уметнички инсталации и уникатни дела со личен печат.
– На крај – изложба со сите креативни дела!

Летото е платно, а ние ќе го исполниме со боја, креативност и радост! Дојди, создавај и остави свој уметнички отпечаток!

Пријави се на следниот линк и осигурај место за највеселата и најшарената креативна летна авантура!

📍Младински Центар Охрид
Прва работилница 25 јуни 2025, со почеток од 11 часот.

⚠️ Учеството е бесплатно. ⚠️

Креативна Велигденска работилница

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Денес во Младински Центар Охрид се одржа креативна работилница за велигденски изработки.
Изработувавме рачни украси, кошнички и честитки.

Сите изработки ќе бидат дел од Велигденскиот базар организиран од Општина Охрид, кој ќе се одржи утре (17.04.2025) на плоштадот „Крушевска Република“ (Стар Чинар) од 11:30 часот.
Изработките ќе бидат понудени за продажба, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Ве покануваме да ја поддржите иницијативата и да придонесете за добрата цел! 🌸[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15257,15258,15259,15260,15261,15262,15263,15264,15265,15266,15267,15268,15269,15270″][/vc_column][/vc_row]

Креативна работилница за реупотреба на текстил

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 25 март 2025 година, во просториите на Младински Центар Охрид се оддржа креативна работилница за реупотреба на текстил. Учесниците кои беа дел од работилницата имаа можност да научат основни техники на шиење и да ги пренаменат старите материјали во нови, корисни предмети. Од стари парчиња текстил изработивме уникатни чанти и модни додатоци, покажувајќи како со малку креативност можеме да намалиме отпад и да им дадеме нов живот на материјалите.

Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15113,15114,15115,15116,15117,15118,15119,15120,15112″][/vc_column][/vc_row]

Цветни креации по повод 8 март

По повод Меѓународниот ден на жената на 7 март реализиравме креативната работилница , каде учесниците со многу љубов и труд изработија честитки и рачно направени цвеќиња од разни материјали.

Дел од работилницата се одржа во ОУ „Св. Климент Охридски“, каде учениците со ентузијазам ги подготвуваа своите уникатни подароци, а подоцна, во нашите простории, останатите заинтересирани уживаа во создавањето прекрасни изработки.

Се надеваме дека мајките и најблиските добија подароци полни со љубов!

Фотографии на следниот линк.

Приклучи се на клубовите во Младински Центар Охрид

Ако сте на возраст од 15 до 29 години и сте подготвени да влијаете позитивно во нашата заедница ве покануваме да се придружите на клубовите на Младински Центар Охрид:
 Клуб на волонтери – Донесете позитивни промени во вашата заедница!
 Креативен клуб – Истражете ја уметноста, дизајнот и самоизразувањето!
 Медија клуб – Усовршете раскажување приказни преку социјалните медиуми, поткасти, филмот и фотографијата!
 Зошто да се придружите?
Запознавање неверојатни луѓе и стекнување нови пријатели!🤝
Стекнување нови вештини и практично искуство! 🛠️
Зголемете го вашето CV со кул проекти и работилници! 📝
Забавувајте се и бидете дел од нешто големо! 🎊
⏰ Како да аплицирате:
Кликнете на линкот подолу или посетете нѐ во Центарот!
✨ Ова е вашиот момент да заблескате и да ги инспирирате другите! Заедно да создаваме големи работи!
Tags:

Посета на Работилница за Рачна Изработка на Хартија

На 22.07.2024 година во склоп на Програмата на Креативната Летна Школа, се организира посета на музеј за стара хартија.
Работилницата за рачна изработка на хартија е лоцирана во стариот дел на градот.
Резервирајте си место во инбокс на нашиот фб или инстаграм профил.

Креативна Летна Школа – Рачна Изработка на Накит

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Креативна Летна Школа – Во склоп на програмата на Креативната Летна Школа, денес во просториите на Младински Центар Охрид се реализираше Работилница за Рачна Изработка на Накит.
Учесниците имас можност да изработуваат накит од реупотребливи материјали и монисти, со што и простор за да го изразат својот креативен дух.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14367,14368,14369,14370,14371,14372,14373,14374,14375,14376,14377,14378,14379,14380,14381,14382,14383″][/vc_column][/vc_row]

На 1ви јули започнува Креативната Летна Школа на МЦО

1ви јули е датумот на кој започнува Креативната Летна Школа.
Првата Работилница ќе биде на тема ,,Рециклирање – преработување на стара облека во креативни торби за пазарење” – со што ќе ги реупотребиме старите парчиња облека и ќе влијаеме врз подигање на свеста од заштита на животната средина и ретките и ограничени ресурси.
7 интересни факти за рециклирањето:
1. Рециклирањето на една конзерва штеди доволно енергија за три часовна работа на еден телевизор или да заштеди два литри бензин.
2. Рециклирањето на еден тон хартија заштедува околу два ипол тони масло, 26 тони вода и околу 3 кубни метри депонија.
3. Енергијата заштедена од рециклирањето на едно стаклено шише може да држи активна една сијалица од 100 вати за околу 4 часа. Исто така предизвикува 20% помало загадување на воздухот и 50% помало загадување на водата, отколку кога се прави нова боца од сирови материјали.
4. За производство на тоалетна хартија дневно се сечат 27 000 стебла.
5. Рециклирањето на едно пластично шише може да сочува доволно енергија да осветли сијалица од 60 вати за 6 часа.
6. На едно стаклено шише му се потребни околу 4000 години за да се распадне, па дури и повеќе доколку се наоѓа на депонија.
7. Дневно умираат илјадници морски животни голтајќи пластични кеси кои им личат на медузи.
Па ајде да бидеме еко – одговорни, бидејки и го должиме тоа на природата!