Биди дел од креативен клуб на МЦО со само еден клик на линкот.
Kреативна Работилница за Рачна Изработка на Мартинки на 1 март 2024 година во 12ч, во просторииите на Младински
Центар Охрид.
Работилницата нуди можност за развивање на креативниот дух на учесниците, како и простор слободно да
ги изразат своите идеи и инспирации.
Креативноста изразена преку рачна изработка на мартинки, а воедно и синхронизирано со
симболиката дека на 1 март се става мартинка, односно на почетокот на месецот и се носи до
крајот, која се верува дека носи среќа, здравје и бериќет.
Инаку таа е симбол на древно – македонскиот празник Ксантика = мартинката, црвено-белата
нишка.
Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која е подарена.