Author: MC Ohrid

ЕКО БАЗАР во Охрид

На 5-ти април, од 12:00 до 14:00 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ (Кај Чинарот), ќе се одржи ЕКО-МАРКЕТ, каде што можете да најдете и да продавате:
👕 Облека од втора рака
🎨 Рачно изработени сувенири
📚 Книги, торби, обележувачи за книги и креативни изработки

💡 Креативниот клуб на Младински Центар Охрид веќе подготви уникатни торби и обележувачи за книги, кои ќе бидат изложени на пазарот!

❤️ Хуманитарен карактер – Сите собрани средства ќе бидат донирани за малиот Петар, кој има ретка болест и му се потребни итни и сложени операции во Истанбул. Да му дадеме уште една шанса за подобар живот!

📍 Се гледаме во центарот на Охрид – 5-ти април, 12:00-14:00 часот!

📩 Местата за продавање на базарот се пополнети.

Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.

Креативна работилница по повод Ден на аутизмот

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вчера, 2ри март, заедно со Инклузивна игротека „Радост“, реализиравме креативна работилница по повод Меѓународниот ден на лицата со аутизам (2ри април).
Заедно создадовме симболично дрво со лисја од сложувалка – претставувајќи уникатност, комплексност и инклузија!
Подготовките се одвиваа во Младински Центар Охрид, а работилницата се реализираше во просториите на Инклузивната игротека „Радост“. Учествуваа децата кои редовно ја посетуваат игротеката, како и членовите на Креативниот клуб од Центарот. Активноста ја водеа младински работници, специјални едукатори, рехабилитатори и негуватели.

Заедно градиме свет во кој сите се прифатени! [/vc_column_text][us_image_slider ids=”15152,15154,15155,15156,15157,15158,15159,15160,15161,15162,15163″][/vc_column][/vc_row]

Младински круг – Следни чекори!

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Вчера на 31 март се одржа втората средба од Младинскиот круг во Младински Центар Охрид, младите учесници одбраа два клучни предизвици за кои ќе работиме заедно:

– Подобрување на јавниот превоз за средношколци – ќе спроведеме анкета и ќе испратиме предлози до Општина Охрид!
– Еколошки активности за млади – истражуваме субвенции за велосипеди, мапираме локации за паркинзи и снимаме видеа за подобра велосипедска инфраструктура!

Следи нè за повеќе информации и приклучи се![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15146,15147,15148″][/vc_column][/vc_row]

Панел-дискусија по повод Светскиот ден на театарот

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 27 март 2025 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид, се одржа панел-дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.
Настанот, организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид, беше одлична можност за сите вљубеници во театарот, да се запознаат поблиску со процесот на создавање театарска претстава и да ја продлабочат свеста за значењето на театарот во општеството.
 Вечерта започна со читање на овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, по што дел од ансамблот на Охридскиот театар споделија свои искуства и размислувања за процесот на создавање претстава.
Поради помалиот број учесници, настанот доби формат на интимен и неформален roundtable разговор, кој овозможи подлабока и поблиска дискусија меѓу присутните. Атмосферата беше топла и инспиративна, а учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да разменат мислења со актерите.
Ви благодариме на сите што бевте дел од оваа вечер посветена на магијата на сцената!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15131,15132,15133,15134,15135,15136,15137,15138,15129″][/vc_column][/vc_row]

Консултативна средба за приоритети на повици од Европската Унија

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ги кани сите заинтересирани на консултации за финализирање на дискусијата за приоритетите и другите специфики на повиците за предлози програмирани во рамките на ИПА III Програмата за граѓанско општество и медиуми 2024-2025 година. Консултациите ќе бидат онлајн на 28.03.2025 (петок) од 10:00 – 12:00 часот.

Консултациите ќе ги отвори г-дин Штефан Худолин, Раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје.  Дискусиите ќе се фокусираат на идентификување на приоритетните теми, типот на акции и други специфики за следните повици за предлози:

  1. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка за систематско учество на граѓанското општество во процесот на пристапување во ЕУ и преговорите;
  2. Повик за предлози (Акциски грантови) – Поддршка на граѓанското општество и медиумските организации во различни тематски области;
  3. Повик за предлози (Оперативни грантови) – Рамковни договори за партнерство.

Повеќе информации на следниот линк.

Креативна работилница за реупотреба на текстил

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 25 март 2025 година, во просториите на Младински Центар Охрид се оддржа креативна работилница за реупотреба на текстил. Учесниците кои беа дел од работилницата имаа можност да научат основни техники на шиење и да ги пренаменат старите материјали во нови, корисни предмети. Од стари парчиња текстил изработивме уникатни чанти и модни додатоци, покажувајќи како со малку креативност можеме да намалиме отпад и да им дадеме нов живот на материјалите.

Оваа активност е дел од проектот Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија”, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15113,15114,15115,15116,15117,15118,15119,15120,15112″][/vc_column][/vc_row]

Младински круг: Како да го направиме Охрид подобро место за младите?

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 13.03.2025 година, во просториите на Младински Центар Охрид, заедно со млади претставници од ученички заедници, Локално младинско собрание, Локален младински совет, студенти и млади вработени лица, се одржа првиот младински круг за 2025та година на тема „Како да го направиме Охрид подобро место за младите?“.

💡 Што постигнавме?
✅ Ги мапиравме клучните предизвици со кои младите се соочуваат во Охрид – од недостаток на можности за пракса, преку несоодветна пристапност и еколошки предизвици, до недостиг на културни и спортски содржини.
✅ Генериравме креативни решенија – иницијативи за младински пракси, отворање нови културни простори, подобрување на јавниот превоз, кампањи за еко-свест и многу повеќе!
✅ Ги дефиниравме првите чекори – соработки со Локалниот младински совет, Општина Охрид, граѓански организации и приватниот сектор за реализација на конкретни идеи.

🙏 Благодарност до сите што се вклучија – вашата енергија и идеи покажаа дека младите во Охрид имаат што да кажат и сакаат да бидат дел од промената! Ова не е крај, туку само почеток на еден подолг процес на младинска акција! 🚀

📢 Сите заклучоци од дискусијата ќе бидат документирани и испратени до релевантните институции за понатамошно застапување. Следете нè за наредните активности и начините како можете да се вклучите![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15094,15095,15096,15097,15098,15099,15100,15093″][/vc_column][/vc_row]

Светски ден на театарот | Панел дискусија со охридските актери

Утре, 27. 03. 2025 година, по повод Светскиот ден на театарот со почеток од 20 часот на малата сцена при Н.У.Ц.К. „Григор Прличев“ – Охрид ќе се оддржи панел дискусија на тема „Запознавање со процесот на создавање на една театарска претстава и важноста на театарот во општественото живеење“.

Како вовед во панелот ќе се прочитаат овогодинешните пораки по повод Светскиот ден на театарот, потоа на темата ќе говорат дел од ансамблот на Охридскиот театар, а за крај е предвидена и дискусија со присутните.

Настанот кој што е организиран од Народен театар Охрид во соработка со Младински Центар Охрид првенствено е наменет за младата публика (средношколци и студенти), но добредојдени се и сите оние љубители на театарот кои имаат желба да присуствуваат.

Влезот е бесплатен!

Повик до млади поети

ПОВИК ДО МЛАДИ ПОЕТИ ОД ОХРИД!

И оваа година, Младински Центар Охрид ве поканува да бидете дел од нашата онлајн промоција на млади поети по повод Светскиот ден на поезијата – 21ви Март!

Ако пишувате поезија и сакате вашите стихови да бидат споделени со пошироката публика, испратете ни:
📜 Ваша авторска поезија
📝 Кратко био (кој сте, што ве инспирира)
📸 Ваша фотографија
📍 Вашите податоци (Град, години, контакт)

📩 Испратете ги вашите материјали најдоцна до 18ти март на: [email protected]

Да го прославиме Светскиот ден на поезијата заедно! 🎤💫

Светови меѓу корици – Денот на книгата

[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 6-ти март, во Младински Центар Охрид, го одбележавме Денот на книгата со настанот Светови меѓу корици, каде што љубителите на литературата уживаа во инспиративни разговори, книжевни предизвици и пријатно дружење.
Главниот дел од вечерта беше Q&A сесијата со локалните автори Јордан Коцевски и Евгенија Н. Веровска Трајаноска, кои споделија детали за нивното творештво, инспирацијата и предизвиците во светот на издаваштвото. Публиката поставуваше прашања, отворајќи интересни дискусии за пишувањето и книжевната сцена.
Квизот внесе дополнителна динамика, каде што учесниците ги тестираа своите познавања од литературата, натпреварувајќи се меѓусебно. Најдобрите покажаа извонредно знаење, а како награда добија книги од авторите и подароци од Младински Центар Охрид!
На крај, се опуштивме во неформален разговор, разменувајќи препораки за читање и споделувајќи инспирација.
Голема благодарност до сите што беа дел од овој настан и помогнаа да создадеме прекрасна атмосфера исполнета со љубов кон книжевноста![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15073,15075,15076,15077,15078,15079,15080″][/vc_column][/vc_row]