Author: MC Ohrid

Амбасада на САД во Северна Македонија: Годишна изјава на Американската амбасада Скопје

ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:

Годишна изјава на Американската амбасада Скопје.

ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:

Амбасада на САД во Северна Македонија.

КРАЕН РОК:

15.08.2024

ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:

ПАС Скопје поканува предлози за програми кои ги зајакнуваат врските меѓу луѓето меѓу САД и Северна Македонија преку културна и размена на програми кои ги истакнуваат заедничките вредности и промовираат билатерална соработка.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:

  • Регистрирани непрофитни организации, вклучувајќи граѓански/невладини организации со искуство во програмирање
  • Поединци
  • Непрофитни или владини образовни институции
  • Владини институции.

БУЏЕТ:

Од 1.000 до 20.000 долари.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ на следиот ЛИНК.

ЕУ: Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните

ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:

Финансиска поддршка за грасрут и младински граѓански организации кои ги вклучуваат граѓаните

ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:

ЕУ

КРАЕН РОК:

01.08.2024 до 16:00 часот

ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:

Програмата за мали грантови на СЕЛДИ има за цел да го зајакне придонесот на граѓанските организации од целните земји во борбата против корупцијата и нивното вклучување во циклусот на застапување и влијание на политиките на СЕЛДИ, преку финансиска поддршка на граѓанските организации, вклучувајќи и грасрут и младинските организации, активни против корупцијата.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:

•Да биде непрофитна организација
•Да биде граѓанска организација во согласност со различните законски барања за регистрација во целните земји
•Да има правен субјективитет и да биде активен во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата, транспарентноста и доброто управување
•Да биде основана и активна во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија)
•Да биде директно одговорна за подготовката и управувањето со проектот, со ко-апликантот (доколку го има), и да не дејствува како посредник

БУЏЕТ:

Од 7.000 до 10.000 евра

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК.

УСАИД: Здружи се за заедница

ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:

Здружи се за заедницата

ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:

УСАИД

КРАЕН РОК:

22.07.2024

ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:

Целта на грантовите за филантропија е да ги поддржат локалните чинители во мобилизирање на локалните ресурси за долгорочен развој на заедницата и решавање на локалните проблеми.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:

•Сите заинтересирани домашни граѓански организации со активен статус формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку 6 месеци пред објавата на овој повик (грант 1)

• Сите заинтересирани домашни младински организации водени од млади со активен статус формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани пред објавата на овој повик, младински групи и млади дел од училишни заедници/младинските совети (најмалку 3 млади како тим). (грант 2)

БУЏЕТ:

Од 115.000 до 900.000 денари

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ на следиот ЛИНК.

 

Европска Комисија: Програми за подигање на јавната свест за управување со отпад

ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:

Програми за подигање на јавната свест за управување со отпад

ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:

Европска Комисија

КРАЕН РОК:

16.07.2024 до 16:00 часот

ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:

Глобалната цел на овој повик за предлози е да се подобри управувањето со отпадот во регионот на Преспа во согласност со стандардите и принципите на ЕУ.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:

  • Непрофитни правни лица.
  • Специфични типови на организации како: невладини организации, оператори од јавниот сектор, локалната власт, меѓународна организација како што е дефинирано во член 156 од Финансиската регулатива на ЕУ
  • Организацијата да биде основана во Северна Македонија најмалку 2 години пред датумот на објавување на овој повик за предлози
  • Организацијата да биде директно одговорна за подготовката и управувањето со акцијата со ко-апликантот(ите) и поврзаните ентитети, не дејствувајќи како посредник.

БУЏЕТ:

Од 180.000 до 200.000 евра

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ на следниот ЛИНК

 

 

 

 

Започнува 64-тото издание на „Охридско лето“

Утре, на 12.07.2024, петок, во Охрид започнува 64тото издание на најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјава – Фестивалот Охридско лето.

Годинешното фестивалско издание предвидува околу 50 настани со 800 уметници од 24 земји ширум светот- ќе настапат звучни имиња од светот на музиката, но и најдобрите театарски продукции со извонредни драмски проекти.

Свеченото отворање  годинава ќе го одбележи грандиозен концерт на светскиот виртуоз на виолина од Латвија, Џулијан Рахлин. Славниот виолинист и диригент ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Фестивалската сцена повторно ќе биде домаќин на најголемите, најславните и најуспешните кои ќе создадат квалитетна, атрактивна и возбудлива програма. Ги охрабруваме сите љубители на класичната музика, џезот, театарот да ги посетат богатите настани од 12 јули до 20 август.

„Охридско лето“, уште од 1961 година со својата врвна програма и светски уметници претставува совршен спој на музиката, театарот и воопшто на уметноста. Денес фестивалот е синоним за достоинство не само на Охрид, туку и на државата. Преку него светот не препознава на најрепрезентативен начин.

Настаните ќе се одржуваат на сцени поставени на различни познати локации низ градот: Долни Сарај, Антички Театар, Црква Света Софија и Предворје на Црква Света Софија и Центарот за култура „Григор Прличев“.

Билетите за настаните организирани од НУ „Охридско лето“ Охрид, можат да бидат набавени во билетарниците на НУ „Охридско лето“: билетарница во дирекцијата, билетарница на Кеј „Македонија“ и билетарница на плоштад „Крушевска Република“ (Чинар)  На денот на настанот, билети можат исто така да се купат на продажните пултови пред сцените.

За повеќе информации обратете се на официјалната страна на Охридско лето на следниот линк.

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри – Промоција на Младински Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Во склоп на Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжуваме со промоција на центрите кои фигурираат во Македонија.
Младински Центар Битола – Започна со работа во 2023 година и истиот функционира преку соработка на три организации: Сфера Интернационал, ИМКА и МКЦ.
Неговото мото е – Место за можности и потенцијали.
Локациран е кај поранешen „Бизнис инкубатор“ во МЗ „Велко Влаховиќ“ на улицата „Крушево“ бр.5 – во центарот на градот.
Секоја организација предложува различни програми и го обезбедува секој аспект од развојот што им е потребен на младите.
Работи на програми за: образовна поддршка, рекреативни активности, ангажирање на младите и неформално образование.
Тимот се состои од сертифицирани младински работници.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14297″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Summer Drive-in Cinema | Касарна Охрид

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Синоќа беше првиот ден од Summer Drive-in Cinema | Касарна Охрид
ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ – македонски филм од 2023 година во режија на Марјан Гавриловски
Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.
ВЕЧЕРВА на Summer Drive-in Cinema | Касарна Охрид ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА — македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски. Главните
улоги ги играат: Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.
Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.
 Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч.
 Билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купите во @shilla_coffee или на влез.
По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување!
 Билетите по цена од 500 денари по автомобил ќе може да ги купите во @shilla_coffee или на влез.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14266,14267″][/vc_column][/vc_row]

Денес и утре Летно кино со автомобили во Касарна Охрид

Денес (08.07) и утре (09.07) започнува Летното кино со автомобили Summer Drive-in Cinema во склоп на настаните од шестото фестивалско издание на алтернативното културно-забавно лето „Културолошка Иницијатива 5 до 12“.

И оваа година, дозволете си да отпатувате назад во времето, на нашиот специјален настан – Летно Кино со Автомобили. Придружете ни се на овие две ноќи под отворено небо, да ги проследиме едни од најдобрите македонски филмови во моменти на топла носталгија и уште потопли свежи пуканки!

08.07.2024 | понеделник

ТЕ ДУА, ЖИМИ МЕНЕ – македонски филм од 2023 година во режија на Марјан Гавриловски

улоги: Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ, Ангела Стојановска, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Исмаил Касуми, Мирсад Ибази, Мими Таневска, Владо Јовановски, Фирдаус Неби, Елдин Широки, Надица Петрова, Руиш Беговска, Талија Настова

Маалски џанак, коцкар и армоникаш трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

09.07.2024 | вторник

ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА — македонски филм од 2019 година во режија на Борјан Зафировски.

Главните улоги ги играат: Јовица Михајловски, Јана Стојановска, Петре Арсовски, Ана Стојановска.

Во филмот се раскажува приказна за потрагата по среќа која им е заедничка на сите луѓе. Леа е млада девојка која го почнува нејзиниот последен предизвик, теза која бара доказ во верувањето дека среќата може да се пренесува, исто како и чувството на тага, осаменост и мизерија.

Влезот ќе биде отворен од 20:00ч, а проекциите започнуваат во 21ч.

По почетокот на проекцијата нема да биде дозволено влегување!

 

Билетите се по цена од 500 денари по автомобил и можете да ги набавите во Кафе бар Шила или на влез.

Работилници за Декупаж – РЕ КРЕ АРТ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 01.07 и 02.07 во просториите на Младински Центар Охрид во соработка со Beach Film Festival Ohrid се реализираа две работилници за Декупаж од реупотребливи материјали кои беа едни од низата на РЕ КРЕ АРТ.
*Изработките ќе бидат изложени на Beach Film Festival Ohrid.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14254,14255,14256″][/vc_column][/vc_row]

Креативна Летна Школа и РЕ КРЕ АРТ

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

На 01.07.2024 и 02.07.2024 во Младински Центар Охрид се реализираа работилници за креации од ткаенина кои го бележеа и почетокот на Креативната Летна Школа како и низата работилници на Ре Кре Арт во соработка со Beach Film Festival.
Учесниците имаа можност од стара облека да изработат торби за пазарење со што се стави акцент на рециклирање и реупотреба на старите и искористени ресурси и им се даде нова намена на еден креативен и забавен начин.
На истата беа присутни учесници од охридските и скопските основни училишта во соработка со Helen Doron English Ohrid.
Креативната Летна Школа продолжува со најразлични креативни работилници за најмладите!
Stay tuned!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14242,14243,14244,14245,14246,14247,14248,14249,14250″][/vc_column][/vc_row]