Младински Центар Охрид е место каде се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.
Целта на постоењето на младинскиот центар Охрид е да обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:
неформално образование: обучување и подучување на млади;
информирање, менторство, подучување и советување;
информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.
Младинскиот центар е отворен секој работен ден и е достапен за младите најмалку 40 часа, распоредени во најмалку 5 дена неделно. Во овој период младите доаѓаат во Центарот, учествуваат во програмските активности и ги користат постојаните услуги, се дружат и ги користат достапните ресурси со поддршка на младинските работници од Центарот.
Во текот на 2024та година, тимот на Младински Центар Охрид организираше и реализираше едукативни работилници, семинари, обуки, културни настани, презентации, забави. Се вршеше промоција преку ИНФО ДЕНОВИ на отворени локации, во соработка со други организации и нивни настани; како и промоција по средните охридски училишта и факултетите во Охрид.
Настани кои ја одбележаа 2024та година во МЦО беа: Театарската претстава „Премотај и почни одново“ на младите од МЦО; Саемот за образование и кариера втора година по ред; Конференцијата за младинско претприемништво; Активностите повод Недела на млади; Денови на Младински Центри; Креативната летна школа итн.
Младински Центар Охрид во текот на 2024та година соработуваше со над 30 локални и национални организации, а тимот на Младински Центар Охрид учествуваше и на бројни обуки, семинари и конференции на национално и интернационално ниво.
И оваа година беше плодна за Младински Центар Охрид со над 80+ настани реализирани во текот на целата година, како и учество на над 30 настани/активности организирани од други организации и соработници.
Со ова најавуваме и бројни активности кои ќе следат во текот на 2025та година, како и доста новитети кои ќе ги откриеме во текот на годината.
Младински Центар Охрид е место каде се создаваат убави приказни од млади за млади, но со тоа и за целото наше општество!
Во периодот од 19 до 21 декември 2024 година, во Младински Центар Охрид, по повод Денови на младински центри се одржа „Семинар за вмрежување и унапредување на МЛАДИНСКАТА РАБОТА“ на кој учествуваа претставници на младинските центри од: Младински Центар Битола, Младински Центар Кавадарци, Младински Центар Велес, Младински Центар Македонски брод, Youth and Community Center – Гостивар, Кризен центар „Надеж“, како и службениците за млади од Општина Струга и Општина Македонски брод.
Младинските работници од Младинските центри и Службениците за млади имаа можност за дијалог и размена на искуства и добри практики со цел унапредување на младинската работа и подобрување на можностите за младите.
Учесниците имаа можносгт да ја проследат панел дискусијата со Службениците за млади, да ги идентификуваат потребите на младинските центри и да дадат препораки за подобрување на квалитетот на работата на младинските центри.
Голема благодарност до учесниците на семинарот кои што придонесоа со своето искуство, знаење и енергија да имаме продуктивен и ефективен семинар.
На ден 14.12.2024 во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид, на малата сцена младите од МЦО ја изведоа претставата „Премотај и почни одново“ која е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.
Младите на сцената со вистинска емоција и енергија упатија силна порака за менталното здравје и врсничкото насилство до сите присутни.
Голема благодарност до публиката која дојде и ги поддржа младите актери!
Се гледаме на сцена во следна прилика.
На 30ти ноември во просториите на Младински Центар Охрид, се одржаа 💡 Работилници за средношколци, на тема: Лидерство и решавање конфликти 👥
🤝 Работилниците беа организирани во соработка со студентки на Факултетот по Психологија при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Анастасија Поповска и Марија Зимоска.
🥰 Се надеваме дека овие работилници ќе бидат мотивација за другите студенти да изјават иницијатива за организирање работилници.
„Премотај и почни одново“ е адаптација на едночинката „Bang Bang You’re Dead“ од Вилијам Мастросимон од 1999 година и е длабоко испитување на културата што може да предизвика насилство во современото општество, и потресна интроспекција на последиците од тоа насилство.
Изведба: Сабота, 14.12.2024 во 20:00ч
Место: НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид / мала сцена
Влез: 150 МКД
Резервации во порака или на тел бр: 078 413 946
Оваа драма не е само уште едно сценарио што го избравме случајно. Тоа е огледало што ги одразува проблемите што ги мачат нашите училишта и заедници. И затоа избравме да ја оживееме оваа претстава. Не само за забава, туку и за едукација. Ние веруваме дека театарот има моќ да поттикне разговори, да направи промени. Со влегувањето во чевлите на овие ликови, се надеваме дека ќе фрлиме светлина врз темнината што нè опкружува. Сакаме да ја предизвикаме стигмата. Да ги срушиме бариерите кои нè спречуваат да подадеме рака, да бараме помош. Но заедно, преку уметност и емпатија, можеме да направиме разлика.
Младински Центар Охрид со задоволство ве поканува на Младинската конференција за бизнис и претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни“ посветена на младинската вработливост, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво, која ќе се одржи на 22ри ноември (петок) со почеток во 11:30 часот во просториите на Младински Центар Охрид.
Целта на настанот е да се поттикне младинското претприемништво и иновации преку споделување на успешни бизнис приказни и обезбедување на платформа за вмрежување и размена на идеи.Конференцијата има за цел да ги инспирира младите да започнат свои бизниси и да ги опреми со потребните знаења и вештини за успешно претприемништво.
Исто така настанот претставува одлична можност за вмрежување на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.
Националната кампања за унапредување на положбата на младинските центри продолжува со свои препораки, селектирани од Извештајот од Семинарот за вмрежување и унапредување на младинската работа – Денови на Младински Центри.
Семинарот се реализираше во декември минатата година во Младински Центар Охрид и учествуваа младински работници од сите младински центри во Република Македонија и дадоја свој придонес кон унапредување на положбата на младинските работиници и младинските центри, со фокус на потребите и предизвиците на младите.
Повик за учество во програма за лидерство во заедницата UP2YOU
Подгответе се да ги подобрите своите вештини и да водите промена во вашата заедница!
Пријавете се во Програмата за лидерство во заедницата UP2YOU која нуди пет БЕСПЛАТНИ онлајн курсеви дизајнирани од и за студенти од високо образование,
едукатори, професионалци и волонтери на граѓански организации! Програмата е развиена во рамките на проектот Еразмус+ UP2YOU – Надградба на
универзитетските патеки за промовирање на одржливи и инклузивни практики, и ги вклучува следните обуки:
Совладајте го вашиот проект: Микро обука за управување со проекти: 4 ноември – 22 ноември 2024 година
Finance Forward: Совладување на финансиски менаџмент и прибирање средства: 4 ноември – 22 ноември 2024 година
Отклучете го вашиот личен и професионален потенцијал. Обука за животни вештини и вработливост: 25 ноември – 13 декември 2024 година
Премостување на празнините: Дигитални вештини за граѓанското општество: 16 декември 2024 – 13 јануари 2025 година
Зајакнете ја вашата заедница: социјално претприемништво и иновации: 13 јануари – 31 јануари 2025 година
Секој онлајн курс трае 3 недели и вклучува обем на работа од 25 часа (еквивалентно на 1 CFU).
Можно е да изберете повеќе од еден курс за учество!!!
Што добивате:
– Подлабинско разбирање на клучните теми како што се проектен менаџмент, финансиски менаџмент, дигитални вештини, социјално претприемништво и меки
вештини.
– Можности за вмрежување со истомисленици.
– Сертификат за завршен курс за секој курс.
– Наведените обуки и материјали се бесплатни, без трошоци!
Пријавете се до 17 ноември 2024 година на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdWp0Sr6PZ800IZBUyQDz9_-
aQVHf77TOfmdhwiJy_5dPDOjg/viewform
За повеќе информации, погледнете ја брошурата за курсот:
https://drive.google.com/file/d/13bgxrQcwcnQQImXunVuD8o29jcAHvvwR/view
Искористете ја оваа фантастична можност да ги развиете вашите лидерски вештини и да
придонесете за одржливи промени во вашата заедница!
Дополнителни информации за проектот UP2YOU се достапни на:
https://www.up2youerasmus.com/
Национална кампања за унапредување на младинските центри.
Предлог измени и дополнувања на ЗМУМП во насока на унапредување на положбата на младински центри.
– Младински Центри со посебна ставка во буџетот на општините;
– Двојно финансирање – покрај општините, Владата / Министерството за социјална политика, демофрагија и млади да биде вклучено во финансирање на младинските центри.