Отворен е повикот за доделување мали грантови во рамки на проектот POLICY ENLARGE – R&I Policy Support for Enlargement Countries, наменет за поттикнување на прекуграничната соработка во областа на истражувањето и иновациите.
Преку повикот се обезбедува финансиска поддршка за организации и професионалци од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Македонија, Србија, Турција и Украина, преку три инструменти за финансирање:
1. Заеднички регионални иновациски активности (До 8.000 евра по проект.)
2. Заедничка примена на резултатитe (До 8.000 евра по проект.)
3. Прекугранична мобилност и размена (До 5.000 евра.)
Повикот е отворен од 9 септември 2026 година до 3 мај 2028 година, со четири рокови за евалуација на пристигнатите апликации.
Првиот рок е 12 ноември 2026 година, до 17:00 часот.
Повеќе информации на следниот линк.




