Делегацијата на Европската Унија упатува покана за учество на консултации во врска со приоритетите на помошта на Европската Унија за нашата земја во рамки на идната Повеќегодишна финансиска рамка (MFF) 2028-2034. Повеќе информации за MFF можете да прочитате на: https://commission.europa.eu/strategy-and-policy/eu-budget/long-term-eu-budget/eu-budget-2028-2034_en
Ве покануваме да го пополните прашалникот и да ги споделите вашите ставови за клучни потреби, приоритети и области каде поддршката од ЕУ може да има најголема додадена вредност. Вашиот придонес е важен за да се обезбеди дека приоритетите на граѓанските организации ќе бидат соодветно застапени во овој процес.
Пополнетиот прашалник, ве молиме да го испратите на [email protected] најдоцна до 9 септември 2026 година.



