Целта на повикот за проекти е да обезбеди поддршка за јакнење на капацитетите на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за рамномерен регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните.
Во рамките на Третиот повик може да учествуваат општините коишто не биле финансирани во рамките на Првиот и Вториот повик за меѓуопштинска соработка.
Bо реализација на активностите предвидени во рамки на соработка може да се опфатат и граѓанските организации активни во областа во која општините ја воспоставуваат меѓуопштинската соработка. Граѓанските организации може да имаат координативна улога и/или да го поддржуваат проектот, односно може да бидат ангажирани за испорака на услуги коишто се во надлежност на општините кои воспоставуваат меѓуопштинска соработка. Улогата на граѓанските организации треба да биде јасно дефинирана во проектната апликација. Граѓанските организации можат да учествуваат во не повеќе од една апликација. Граѓанските организации неможат да бидат водечки апликант ниту пак да бидат клучен партнер во апликацијата.
Заинтересираните ЕЛС можат да поднесат апликација во висина на износ од најмногу 30.000 УСД.
Краен рок за поднесување на апликации 3 јуни 2026.
Повеќе информации на следниот линк.





