Јавен повик за учество на дводневна обука за отворени податоци

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје објавува јавен повик за учество на дводневна обука за отворени податоци, која ќе се одржи на 20 и 21 август 2026 година, од 9:30 до 15:00 часот. Обуката се организира во рамките на проектот „Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество“, поддржан преку грантовата програма Digital Spark, во рамките на Регионалниот механизам за поддршка за Источна Европа и Централна Азија, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative.

Целта на обуката е учесниците да се запознаат со основните концепти и значењето на отворените податоци и да стекнат практични знаења и вештини за нивно користење, обработка, анализа, креирање и споделување.

Повикот е наменет за претставници на граѓански организации, новинари и медиумски работници, студенти, млади истражувачи, активисти и други заинтересирани лица кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини за работа со отворени податоци.

Заинтересираните лица можат да се пријават најдоцна до 16 август 2026.
Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: