Отворен повик за „Проекти за европска соработка“ за 2026

Инфо за Младински Организации
9 views

Отворен е повикот за „Проекти за европска соработка“ во рамките на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура за 2026 година со краен рок за поднесување на предлог-проектите 5 мај 2026 година до 17:00 часот (по средноевропско време)

Поддршката на Европската Унија во рамките на повикот за „Проекти за европска соработка“ е наменета за проекти со широк спектар активности и иницијативи кои вклучуваат организации од културните и од креативните сектори во 40-те земји учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура

Повикот за европска соработка за 2026 година се однесува на две категории:

Проекти за соработка од мал обем (CREA-CULT-2025-COOP-1): минимум 3 партнери од 3 квалификувани земји/ЕУ-грант до 200 000 евра (до 80 % од вкупниот буџет на проектот);

Проекти за соработка од среден обем (CREA-CULT-2025-COOP-2): минимум 5 партнери од 5 квалификувани земји/ ЕУ-грант до 1 000 000 евра (до 70 % од вкупниот буџет на проектот).

Времетраењето на проектите од двете категории изнесува максимум 48 месеци.

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: