Европското движење во Република Северна Македонија (ЕММК) ве поканува да се пријавите на тридневната обука наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации и младинските активисти. Обуката се организира во рамки на проектот „ROOT-WB: Reinforcing Our Opportunities Together – Western Balkans“, поддржан од програмата CERV (Citizens, Equality, Rights and Values) на Европската Унија.
Обуката ќе се одржи на 1-3 септември 2026 година во Граѓански ресурсен центар, Скопје.
Тематски целини на обуката:
- Демократско учество и Европската Унија: Преглед на институциите на ЕУ, процесот на проширување и интеграцијата на регионот WB6, фундаменталните права и вредности од Повелбата на ЕУ, како и механизмите за демократско учество во Европскиот Парламент.
- Граѓански ангажман, младинско застапување, инклузија и волонтирање: Модели на младинско застапување, врсничко учење, принципи на родова еднаквост и инклузија на маргинализирани групи, како и улогата на волонтирањето за градење отпорност на локалните заедници.
- Социјална кохезија, дигитална комуникација и активно граѓанство: Употреба на дигитални алатки и социјални медиуми за застапување, борба против дезинформации, како конкретни демократски решенија и иницијативи на локално ниво.
Рок за аплицирање: 18 август 2026 година.
Повеќе инфмации на следниот линк.





