Во саботата, 12 организации од Охрид и Струга имаа свој штанд на Саемот за волонтерски можности – Охрид 2025, каде ги претставија своите програми и иницијативи за летен волонтерски ангажман.
🔹 Посетителите имаа можност да се информираат за активностите на организациите и да дознаат како можат да волонтираат ова лето.
🙏 Благодарност до сите учесници и посетители – вашиот интерес и присуство придонесоа кон успешно реализиран настан.