Театарски работилници во Младински Центар Охрид од месец октомври
Младински Центар Охрид објавува повик за млади за учество во театарски работилници на возраст од 15 до 19 години.
Работилниците започнуваат од 02 октомври со времетраење од 2 месеци.
Театарските работилници ќе ги води Јован Цветкоски основач на Независната Аматерска Театарска Група (НАТГ) „Аматер“ од Охрид.
Доколку сте заинтересирани да ги научите основите на театарските вештини, да се надоградите и да учествувате во креирање и реализација на театарски производ пополнете ја пријавата и бидете дел од театарското патување !
Ве очекуваме !