Конект објави повик за граѓанските организации што ќе се претстават на Донаторскиот кружок во 2026 година.
Ќе се одберат иницијативи соодветни за поддршка од индивидуални донатори, а при селекцијата ќе се даде предност на граѓански организации со скромни финансиски и човечки ресурси и со намален пристап до финансирање. Напомена: Вообичаено на Донаторскиот кружок се собираат најмалку по 100.000 денари за три граѓански организации (по 100.000 за секоја од трите).
Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 06.04.2026 година.
Повеќе информации на следниот линк.



